• Latest

Вечното минато и ВМРО-ДПМНЕ

February 19, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Вечното минато и ВМРО-ДПМНЕ

February 19, 2026 11:56
in СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ

Главната тема на најразличните студии по сите страни на светот за спречување на враќање на фашизмот и геноцидот е темата на борбата на мемориите.

Како да се запамети тоа што треба и да се обескуражи ревизијата на фактите и историјата со цел да се испере совеста, да се спаси од прогон и да се овозможи политички живот на сторителите на злоделата. Секоја војна се води два пати – на бојното поле и во меморијата!

Тоа го прават во Европа одрекувачите на Холокаустот, тоа го прават во Америка Белите христијански супрематисти шминкајќи ја историјата на геноцидите и репресијата, тоа го прават пребеганите Хути во околните држави на Руанда, тоа го прават Србите со војните од распадот на Југославија 1991 и Сребреница, тоа го прават Русите со геноцидот на изгладнување на Украина и Украинците, Холодоморот од сталинистичкиот период и тоа го прават Израелците со Газа и Палестинците…

На еден соответно простачки, карикатурален начин со постојано запоседнување на толкувањето на историјата – што всушност се случило и како да се вреднува тоа – кај нас се обидува тоа да го прави ВМРО-ДПМНЕ.

Таа постојана и тотална опседнатост со толкувања на минатото, посебно современото минато по независноста (и улогата на Зоран Заев на пример) има своја политичка и колективно психолошка причина. Таа извира од два свесно-потсвесни кошмарни стравови. Таа и таквата опседнатост со минатото е всушност знак на немање сегашност.

ВМРО ДПМНЕ не може да се пронајде во ниту еден конститутивен политички гест на современата македонска држава. Тоа ја прави партијата излишна, без причина на постоење и тоа таа го има разбрано на некој перверзен начин. Единствен начин да се легитимира е сите коститутивни гестови на современата македонска држава да ги прогласи за предавства. Само така таа партија “има причина да постои” за имено нив да ги “поништи” и да ја “от-предаде Македонија”? Тоа е првата интерфејс борба на вмровците, првиот хтонски страв од темелна излишност.

Вториот страв е страв од сведоците на излишноста, на непостоењето и се поврзува со политичарите кои ги изнеле тие конститутивни акти на македонската државност – базично Киро, Борис и Зоки. Нив треба да ги прогласат за “криминални умови” и тука се нели: куферчињата пари, кесите пари, струјата , јагленот, сега марихуаната, Дубаи и сл.  Бидејки со простото постоење и важноста, вреднувањето на нивните дела, политичките елити на ДПМНЕ се сведуваат инстантно на ниво на комунални хохштаплери кои единствено вработуваат свои, се богатат од политиката и апсат ако можат. Ништо повеќе,  ништо политички важно, ништо што ќе остане запаметено и апсолутно ништо за Македонија.

Tоа се нарекува власт во гротеска или ибиевски терор: моќ и репресија од се поништожните со дух и способности. Или со шекспировски речник тоа би бил срамен суверенитет и дисквалификуван суверен.

Единствената акција на сегашнава постава на ДПМНЕ е пропагандата и создавањето Потемкини села покрај патот од картон граѓа.

И нормално кога тие оргијастички обреди стартуваат ќе ги видите вмровските портпароли. На прв поглед ќе помислите дека тие ликови се жртви на лоботомија или социопати, но потоа ви станува јасно дека се обикновени морони на најниските скалила на хиерахијата на вмровска пропаганда која (да го користам изразот на Мајкл Волф) не е власт, технократија, бирократија туку Моронократија.

Последната операција на оваа власт е обид за создавање интрига, конспирација од некаква обемна заплена на марихуана во Србија за која српските весници детално пишуваат поврзувајќи ја со знаење на властите на Србија и Македонија. Кај нас интригата се гради со поврзување на марихуаната со кој ако не Зоран Заев и СДСМ. Таа партија и Заев се во центарот на таа дрогерашка афера?

Јебала вас конспирација!

За создавање сериозна интрига или конспирација едноставно нема услови кај ВМРО.

Имено за да се создаде политичка интрига потребно е да се има држава , администрација и декаденција;

Потребна е хтонска длабочина и дионизиска природа на мрак , влажност и распаѓање – наспроти аполониските институции на власта кои се позитивитетот;

За интрига е потребно софистицирано чувство за абсурд , интелегенција, знаење на бели арти и возвишено образовани за метафизика, психологија на групи и манипулации со волјата;

За интрига е потребно знаење од сексуалната патологија и владеење со опусот на Маркиз Де Сад, Оскар Вајлд и Емили Дикинсон!

Таа ситна плетка на дворски интриги на овие простори ја плетеле Теодосие Втори, Атанасија, Големите Логорејасти, Логотетите од Јован Цимискије и Константин Мономах преку Василие Македонецот до Јован Осми Палеолог. Но Најмногу од нив Михаил Псел.

Значи, со еден збор , драги вмровци вие како сељачана немате никаква шанса да создадете или загинете од интрига! Вие сте плитки и равни како три-на-три плетка за џемперче, што би рекла баба ми Лена и не се оптеретувајте со такви теми! Вие владеете како банда со приватна војска во што го претварате МВР.

Извор: Либертас

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ