• Latest

Балканска работа: Војна во Иран, регионот во криза, а политичарите зборуваат за стабилност

March 2, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Балканска работа: Војна во Иран, регионот во криза, а политичарите зборуваат за стабилност

Од енергетски шокови и руска хибридна ескалација до обновени етнички тензии и миграциски притисок, војната во Иран ризикува да активира веќе познат модел на нестабилност низ Југоисточна Европа

March 2, 2026 10:37
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, КОНФЛИКТИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА
Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани

Војната во Иран не е далечна криза — таа веќе влијае на безбедносната слика на најранливата периферија на Европа. Во регионот на Западен Балкан, стара приказна – се прогласува стабилност, додека нестабилноста се забрзува.

Додека претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, по свикувањето на Советот за безбедност по американско-израелските напади врз Иран, изјави дека состојбата во земјата е стабилна и безбедна, Западен Балкан всушност влегува во период на зголемен ризик на повеќе фронтови.

Како геополитичка граница на Европската унија, регионот е меѓу првите што ги апсорбираат ударните бранови од ескалацијата на Блискиот Исток.

Во овој кревок контекст, претседателот на Србија, Александар Вучиќ — иако формално ја одржува позицијата на неутралност и вели дека земјата е стабилна и безбедна — повторно сигнализираше дистанцирање од Европската унија. Коментирајќи ја реакцијата на Европа на нападите врз Иран и нејзиното инсистирање дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје, Вучиќ иронично прашува „кој Бог, според меѓународното право, е овластен да одлучува кој има право, а кој нема“, како што пренесе РТС.

Оваа реторика е позната и ни оддалеку не е случајна. Таа ја одразува пошироката стратешка позиција на официјален Белград која, во услови на глобална криза, придонесува кон регионална нестабилност, преку сеење магла и нејаснотии од што, се разбира, најголема полза имаат токму српските елити во политиката и бизнисот.

Затоа, важно е да се предупреди дека, наспроти изјавите на политичките лидери, Западен Балкан сега се соочува со конвергенција на сериозни ризици во неколку меѓусебно поврзани домени.

Енергетски шок и политичка дестабилизација

Анализите за рано предупредување на ЦИВИЛ покажуваат дека сигналите се веќе јасно видливи.

Европа останува високо чувствителна на нестабилноста на цените на енергенсите, особено во Централна и Источна Европа, кои сè уште се погодени од нарушени синџири на снабдување, нерешени инфраструктурни зависности и политички спорови околу енергетските рути. Овие слабости, пак, активно и неретко мошне ефикасно, се експлоатираат од популистички и авторитарни актери — и во рамките на ЕУ, како Унгарија и Словачка, и во Западен Балкан.

Во регионот, ова се преведува во непосреден ризик од пораст на цените на горивата. Последиците се предвидливи: инфлација, зголемени трошоци за живот и растечки социјален притисок.

Владите со кревок легитимитет, обележани со нестабилни коалиции, системска корупција и ниска доверба во институциите, брзо може да се соочат со протести и поширока политичка нестабилност.

Земјите зависни од енергија, како Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, се особено изложени. Континуираната зависност од инфраструктура поврзана со Русија, вклучително и коридорот TurkStream, дополнително ја засилува оваа ранливост.

Надвор од економската димензија, ќе се промени и политичкиот наративен простор. Популистичките актери ќе ги засилат тврдењата дека ова е „западна војна“ наметната на сметка на локалното население — поттикнувајќи огорченост, поларизација и недоверба.

Eскалација на руските хибридни операции

Ескалацијата на Блискиот Исток создава стратешки простор за Кремљ.

Како што вниманието на Западот — политичко и воено — делумно се пренасочува кон Иран, неизбежно се намалува фокусот врз Украина, но и врз Балканот. Русија најверојатно ќе го искористи овој момент преку засилување на хибридните операции. Тоа подразбира проширени кампањи на дезинформации, активирање на прокси-медиумски мрежи и политичко сигнализирање преку усогласени актери – проруските политички лидери во регионот.

Наративите се веќе познати: „Западот го дестабилизира светот“, „ЕУ е слаба и поделена“, а сè почесто и „неутралноста е единствениот пат до опстанок“.

Додека внатрешните дебати во ЕУ се израз на демократски плурализам, руската пропаганда ќе ги инструментализира овие разлики за да проектира слика на системска слабост, двојни стандарди и морална неконзистентност — во контраст со илузијата на стабилност што ја нуди авторитарното усогласување.

Србија останува клучен вектор на овие операции на влијание, преку своето политичко позиционирање и преку доминацијата на нејзиниот медиумски екосистем во регионот.

Последиците не се ограничуваат само на информативната сфера.

Во Босна и Херцеговина, сецесионистичката реторика од Република Српска најверојатно ќе се засили. Во Северна Македонија, идентитетската поларизација — веќе присутна во политичкиот дискурс, особено под националистички притисоци — може дополнително да се продлабочи.

Кумулативниот ефект од овие состојби претставува опасна траекторија. Тоа ќе се види преку растот на етничките тензии, понатамошното демократско назадување и оддалечување од европската интеграција.

Етно-политичките жаришта повторно се активираат

Историјата на Балканот покажува јасен образец: надворешните кризи имаат тенденција да ги реактивираат заспаните внатрешни конфликти.

Неколку жаришта може повторно да се појават или да се интензивираат во актуелните услови — обновени тензии меѓу Косово и Србија, продлабочување на институционалната парализа во Босна и Херцеговина и зголемена етничка и политичка поларизација во Северна Македонија.

Овие динамики се засилуваат од растечката перцепција дека меѓународните норми ослабуваат. Изјави како оние на Вучиќ — кои ги доведуваат во прашање самите темели на меѓународниот правен поредок, додека истовремено се повикува токму на меѓународното право — придонесуваат кон психолошка промена: уверувањето дека „правилата повеќе не важат“.

Оваа перцепција го намалува прагот на отпорноста. Веројатниот исход не е непосреден голем конфликт, туку состојба на долготрајна, контролирана нестабилност — обележана со рециклирање на кризите, политичко надмудрување и постојана несигурност низ регионот.

Реактивација на миграциските рути

Уште еден ризик што се наѕира е реактивацијата на миграциските рути.

Дополнителната дестабилизација на Блискиот Исток може да предизвика нови бранови бегалци долж веќе воспоставениот коридор преку Турција, Грција, Северна Македонија и понатаму кон Западен Балкан и Европска Унија.

Северна Македонија, повторно, ќе биде меѓу првите што ќе се соочат со зголемен притисок на границите. Како и во претходните циклуси, ова најверојатно ќе биде придружено со пораст на антимигрантски наративи, често засилени од политички актери и мрежи за дезинформации.

Во исто време, криминалните мрежи вклучени во криумчарење луѓе се очекува повторно да се активираат и да ги прошират своите операции — додавајќи уште една димензија на безбедносен ризик за регионот.

Владите мора да престанат со лажните наративи за стабилност

Западен Балкан не е — и не смее да остане — пасивен набљудувач на глобалните кризи. Тој е на фронталните линии од кризите. Она што се одвива не се некакви изолирани ризици со краток рок на траење, туку нивна конвергенција: енергетски шокови, хибридна војна, политичка дестабилизација, етнички тензии и мигрантски бранови, а секој од овие фактори го засилува другиот.

Сигналите за рано предупредување веќе се јасно видливи. Потребни се јасност — и дејствување.

Владите мора да излезат од лажните декларации за стабилност и да инвестираат во вистинска отпорност: диверзификација на енергетските извори, институционална кредибилност и подлабока регионална соработка, цврсто втемелена во НАТО и ЕУ. Истовремено, Европска Унија мора да го третира Западен Балкан не како некоја периферна тема, туку како стратешки приоритет.

Граѓанското општество и независните медиуми мора да ја засилат својата улога во разобличување на дезинформациите и одбрана на демократскиот простор, а не да се повлекуваат зад „испеглани“ извештаи со мала видливост и влијание, кои ризикуваат да станат уште еден слој во екосистемот на влијание и хибридни операции.

Неуспехот да се дејствува нема да доведе до ненадеен колапс, туку до нешто поопасно (затоа што е потешко да се согледа): долготрајна состојба на нестабилност во која кризите стануваат норма, а демократијата постепено исчезнува.

Регионот веќе се наоѓа во тешка состојба. Ескалацијата на Блискиот Исток не е изолиран шок и не е „работа на големите сили“, туку дополнителен и сериозен товар врз постојните тешкотии.

Владите и општествата мора да ги отворат очите и да дејствуваат со јасност, одговорност и решителност. Но дали ќе го слушне некој овој совет, останува прашање на кое, за жал, одговорот е познат.

 


ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ