• Latest

Тестот со патката: Кога некој звучи како Кремљ

March 17, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Тестот со патката: Кога некој звучи како Кремљ

Не ви треба тајно досие за да препознаете стратешко усогласување. Понекогаш однесувањето зборува само за себе. Дали американскиот претседател Доналд Трамп може да го помине тестот со патката?

March 17, 2026 07:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОМПАС, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

Во интервју за Fox News на 13 март, американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша војната во Украина со јазик впечатливо близок до линијата на Москва — уште еднаш и по којзнае кој пат. Тој самиот коментираше, од ведро небо, при самиот крај на интервјуто, дури и го изненади благонаклонетиот водител.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/Trump-Fox-News-March-13-2026.mp4

Кога некој политички наратив се појавува повторно и повторно — дури и кога не е дел од темата на разговор, како во овој случај — тоа престанува да изгледа како случајност. Самото интервју може да изгледа само како уште една епизода во бескрајниот вртлог (да не кажам брлог) на политичкиот медиумски простор. Но, кога со години се повторува истата реторика и политички позиции, неминовно се наметнуваат прашањата за кои е познато дека професионалците во разузнавањето, аналитичарите и дипломатите тивко дебатираат речиси една деценија.

Ако некој постојано се однесува на начин што ги овозможува стратешките цели на Руската Федерација, какви заклучоци треба да се извлечат — дури и ако таа личност го негира тоа?

Постои стара изрека: „Ако оди како патка и квака како патка, тогаш веројатно е патка.“

Во политиката, ова често се нарекува тест со патката. Тој тест не се потпира на тајни досиеја или на судски стандарди за доказ. Наместо тоа, се фокусира на шеми на однесување. А тие шеми се важни.

Во повеќе изборни циклуси, позициите на Трамп постојано се усогласуваат со клучните стратешки цели на Кремљ и неговиот шеф, Владимир Путин. Поедноставно кажано, г-дин Трамп не го поминува тестот со патката.

Доказите се наоѓаат во шемата што станува очигледна кога се следат ставовите и изјавите што постојано им служат на стратешките интереси на Москва.

Овие шеми го вклучуваат поткопувањето на НАТО. Малку институции стојат толку цврсто на патот на руските геополитички амбиции како НАТО. Трамп повеќепати го доведуваше во прашање клучниот принцип на колективна одбрана на алијансата, Член 5, и сугерираше дека Соединетите Држави можеби нема да ги бранат своите сојузници.

Од перспектива на Москва, ништо не би било повредно од поткопување на кредибилитетот на НАТО.

Понатаму, овие шеми ги потхрануваат наративите на Кремљ. Руската пропаганда долго време се обидува да ја прикаже својата инвазија врз Украина како одбранбена или оправдана. Реториката на Трамп повремено одекнува со верзии на тие наративи, и го одвлекува вниманието од руската агресија кон наводни провокации од други страни, па дури и од самата Украина или нејзиниот лидер Володимир Зеленски.

Трамп и слични фигури во авторитарниот политички универзум ги напаѓаат сојузниците наместо агресорот. Уште една повторлива шема е реторичката непријателска настроеност кон демократските партнери — европските влади, членките на НАТО и украинското раководство — додека истовремено се покажува забележителна воздржаност кога станува збор за Русија.

Овие наративи имаат и друга цел: блокирање на помошта за Украина. Обидите да се забави, блокира или доведе во прашање западната поддршка за Украина директно им користат на воените и политичките цели на Кремљ.

Пофалбите за Путин и презирот кон демократските лидери постепено се нормализираа. Јавните коментари на Трамп за Путин често се невообичаено пофални во споредба со неговиот однос кон лидерите на демократските сојузнички држави.

Во овој гротескен суверенистички и „great again“ политички универзум, речиси и да нема барања упатени кон агресорот. Можеби највпечатлива е асиметријата: жестоки барања кон Украина и западните сојузници, и релативно малку кон самата Русија.

Поединечно, секоја од овие позиции може да се објасни како политичка преференција, стратешко несогласување или идеолошки поглед на светот. Но, ако се соберат на едно место, шемата станува повеќе од очигледна.

Професионалците во разузнавањето прават разлика меѓу две категории. Свесен агент е лице кое знае дека работи за странска сила. „Средство“ (на англиски: asset), пак, може да биде некој чие однесување едноставно може да се искористи.

Постои и постар термин — често користен за време на Студената војна — „корисен идиот“. Тој се однесува на луѓе чии амбиции, суета или политички пресметки ги наведуваат да работат за интересите на друга држава без формално да бидат регрутирани.

Оваа логика не е нова. За време на Студената војна, советските разузнавачки служби ги опишуваа операциите на влијание како „активни мерки“. Тие вклучуваа кампањи за дезинформации, политичка манипулација и градење симпатизерски гласови во западните општества.

Целта не секогаш беше регрутирање формални шпиони. Често беше доволно да се охрабрат политички фигури чии амбиции, незадоволства или идеолошки ставови веќе се поклопуваат со советските цели. Во такви случаи, влијанието функционираше не преку контрола, туку преку предвидливо однесување.

Во вакви ситуации, намерата може да биде помалку важна од исходот. Ако постапките на еден политичар постојано ги ослабуваат западните сојузи, ги засилуваат наративите на Кремљ и ја попречуваат поддршката за земја што се брани од руската агресија, ефектот врз националната безбедност е ист — без оглед на мотивот.

Поддржувачите на Трамп често истакнуваат дека никогаш не се појавил дефинитивен документ што би докажал дека тој е руски агент. Со други зборови, нема „smoking gun“.

Тоа е точно.

Но разузнавачката анализа ретко се потпира на драматични докази како од филмовите. Наместо тоа, таа ги анализира шемите, поттикнувачите и стратешките последици.

Операциите на странско влијание ретко бараат формална регрутација. Тие често се потпираат на засилување на пораки, ласкање, финансиски врски или едноставно на предвидливото однесување на политички актери чии цели се поклопуваат со целите на противникот.

Резултатот може да изгледа зачудувачки сличен како и кај операциите за директно влијание — дури и кога тоа формално не е така. Проблемот не е само еден политичар. Станува збор за ранливоста на демократските системи на странско влијание.

Современите операции на влијание не се одвиваат преку шпиони во мантили. Тие функционираат преку наративи, поттикнувачи, медиумски екосистеми и политичка поларизација. Во таква средина, највредниот „асет“ што може да го има една странска сила не мора да биде таен агент.

Понекогаш тоа е едноставно политичар чие однесување постојано ги произведува резултатите што Кремљ ги посакува. И кога тоа се случува, старата изрека станува тешко да се игнорира.

Ако оди како патка и квака како патка…

Затоа, во еден момент, подобро порано отколку подоцна, демократските системи мора да престанат да дебатираат за намерите на патката и да почнат да се занимаваат со последиците.

 


Извор: The Duck Test: When Someone Echoes the Kremlin, CIVIL Today, 14/03/2026

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ