• Latest

Војната на Блискиот Исток ескалира: Воените операции се интензивираат на повеќе фронтови

April 5, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Војната на Блискиот Исток ескалира: Воените операции се интензивираат на повеќе фронтови

April 5, 2026 11:24
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Војната што започна со нападот на САД и Израел врз Иран влегува во шестата недела, прерасна во долготрајна и комплексна војна со регионални и глобални импликации.

Воените операции се интензивираат на повеќе фронтови. Иран продолжува со ракетни и дронски напади, покажувајќи отпорност и покрај масивните воздушни удари од страна на САД и Израел. Во изминатите денови, иранската противвоздушна одбрана успеа да собори американски борбен авион, што дополнително ја нагласува неизвесноста околу контролата на воздушниот простор.

Истовремено, израелските сили изведуваат напади врз индустриски и инфраструктурни цели во Иран, а истовремено воените дејствија на Израел се одвиваат и во Либан.

Американските специјални сили, според извештаите, спроведоа ризична операција за извлекување на својот пилот соборен на иранска територија.

Конфликтот веќе има регионални димензии. Напади се регистрирани и во Кувајт, а расте ризикот од пошироко вклучување на други актери од Блискиот Исток.

Ормускиот теснец, клучна рута за глобалниот транспорт на нафта, останува закана за светските пазари. Цените на нафтата бележат остар раст, со директни последици врз глобалната економија, вклучително и ризик од нов инфлаторен бран и нарушување на синџирите на снабдување.

Сепак, француски товарен брод, вчера помина низ Ормускиот теснец, во услови на зголемени воени дејствија и ограничен сообраќај во еден од најважните енергетски коридори во светот. Станува збор за прв ваков премин на француски брод откако Иран практично го ограничи поморскиот сообраќај во теснецот по последните воени ескалации поврзани со САД и Израел.

Засега останува нејасно дали станува збор за изолиран случај или за почеток на поширок тренд на контролирано отворање на поморските рути во регионот, како резултат на директната дипломатските контакти меѓу Франција и други европски држави со Иран.

Во меѓувреме, воздушните и ракетните напади предизвикуваат цивилни жртви и значително уништување на инфраструктурата во повеќе земји. Урбани области, индустриски капацитети и јавни институции се меѓу погодените цели.

И покрај тврдењата за воен напредок, сè повеќе анализи укажуваат дека Иран не покажува знаци на колапс. Напротив, конфликтот се развива и пости ризик да прерасне во војна на исцрпување, со интензивна употреба на асиметрични тактики и регионални сојузи.

Џ. Дерала, Драган Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ