• Latest
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026 09:49
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието вчера ја почна процедурата за менување на Законот за Влада, со цел да го укине моделот на техничка влада кој се избира 100 дена пред избори. Со 67 гласа „за“, пратениците ја утврдија потребата од донесување на измените по скратена постапка, што претставува прва фаза од процесот. Владејачката партија, аргументира дека овој механизам е нефункционален, финансиски неоправдан и дека институциите се веќе доволно стабилизирани за да функционираат во нормален демократски поредок. Според власта, овие реформи се дел од поширока визија за одговорна држава, ослободена од привремени политички компромиси од минатото.

Премиерот Христијан Мицкоски се појави во јавноста со оваа идеја на почетокот на година, а свикуваше и лидерски средби на оваа тема.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права со дводецениско искуство во изборниот мониторинг и изборните реформи, ја оцени оваа иницијатива како обид за укинување на демократски механизам за контрола на власта и спречување на изборните кражби.

Ставот на ЦИВИЛ и во јануари и откако почна процедурата во Собранието за носење на тој закон по скратена постапка, останува ист. Во анализата објавена на 8 јануари, се оценува дека „ова не е само дебата за модел на влада, туку тест за демократската зрелост на државата, која во пракса покажува дека ја нема“.

Претседателот на ЦИВИЛ, новинарот и аналитичар Џабир Дерала на 14 јануари објави остра колумна со наслов „Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена“.

„Може да се очекува дека пропагандата на власта ќе го претстави укинувањето на техничката влада како модернизација. Во реалноста, тоа е рецентрализација и структурно ќе ги ослаби демократските процеси, особено изборите. Уште попрецизно, Мицкоски отстранува една од малкуте преостанати мерки за структурна контрола врз извршната власт токму во најчувствителниот демократски момент: изборите.

И тоа се случува во услови кога јавната доверба останува ниска, медиумската независност е ранлива, политичката поларизација висока, а меѓународната загриженост за демократско назадување во регионот расте“, напиша Дерала.

Во вчерашното соопштение, СДСМ излезе со ставот дека „не се создадени услови за укинување на техничката влада, единствениот механизам за некаква контрола на изборниот процес и мора да остане“. За денеска е најавена прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ќе ја следи оваа дебата и ќе го претстави ставот на организацијата пред јавноста со цел да помогне во расветлување на мотивите и значењето на овој процес.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ