• Latest

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026 12:58
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Реториката на Владимир Путин кон украинското раководство драматично се промени. Во февруари 2022 година, на самиот почеток на агресијата, тој ги нарече украинските власти „банда наркомани и неонацисти“, повикувајќи ја украинската армија да ја преземе власта во Кијив.

На 9 мај 2026 година, во сосема поинаков тон, Путин зборува за „украинската страна“ и „господин Зеленски“.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/putin-rhetoric.mp4

Промената дојде по парадата за Денот на победата во Москва на 9 мај, која оваа година беше неспоредливо поскромна, да не речам, понижувачки мала, а беше одржана под силни безбедносни мерки. Наместо вообичаеното дефиле со бројни тенкови, ракетни системи и тешка воена техника на Црвениот плоштад, парадата беше минијатурна и кратка. Властите во Кремљ се обидоа тоа го објаснат со „тековната оперативна ситуација“ и дека „не е значаен јубилеј“ што дополнително предизвика подбив низ светот. Повеќе од јасно е дека зад намалувањето на обемот на парадата е стравот на Кремљ од украинските дронови и можни напади врз симболично најважниот политичко-воен спектакл во Русија, но и поради драматичниот пад на ресурсите на руската воена машинерија.

Уште поголемо понижување донесе указот од украинскиот претседател Володимир Зеленски со кој се „дозволува“ одржување на руската воена парада во Москва на 9 мај 2026 година. Во текстот на указот се наведува дека Црвениот плоштад ќе биде исклучен од планираното распоредување на украинско оружје за време на парадата. Со други зборови, Кијив ја претвори руската нервоза околу безбедноста на парадата во политичка и комуникациска порака: Москва, која ја започна војната, сега изгледа како да бара дозвола од жртвата на агресијата за да ја одржи сопствената воена церемонија.

По парадата која не траеше ниту цел еден час, Путин излезе на прес конференција, каде што изјави дека војната во Украина, според него, „се движи кон крај“, иако – во исто време – не се откажа од старите услови и максималистички барања на Москва.

Највпечатлива беше драматичната промена на реториката на рускиот диктатор и воен злосторник. Тој рече дека е подготвен за средба со Зеленски, вклучително и во трета земја, но само откако ќе бидат усогласени сите услови за мировен договор, односно како „финална точка“, а не како вистински почеток на преговори.

Во секој случај, рускиот деспот останува двосмислен. Додека нуди помирлив тон со респект кон Претседателот на Украина, тој останува на старите позиции. Повеќе не зборува исклучиво со јазикот на понижување и дехуманизација што ги обележа годините од почетокот на целосната инвазија во 2022 година. Но, од друга страна, суштинската позиција останува непроменета. Тој и понатаму сака преговори под услови што би ја ограничиле сувереноста на Украина, од која тој очекува да ги прифати и нормализира ужасните последици од руската геноцидна агресија.

Затоа, промената на путиновскиот речник никако не треба да се чита како знак на добра волја, туку како симптом на променет однос на силите. Украина, наспроти загубите и континуираните руски напади, ја задржа државноста, армијата, меѓународната поддршка, а покажува и сѐ поголема способност да продре и погоди цели длабоко во руска територија. Москва, пак, влезе во петтата година од војната без јасни цели и безначајни воени достигнувања, со секојдневно натрупување на воени злосторства на своето конто. Очигледна е сѐ поголемата потреба на Кремљ да го претстави застојот како „дипломатска фаза“.

Зеленски, по руските изјави, оцени дека Украина „малку го турнала“ Путин кон можноста за реална средба. Украинската позиција останува дека средба може да има, но не во Русија или Белорусија, и не како сценографија за капитулација, туку како дел од процес што ќе ја почитува украинската сувереност.

Прашањето „што се промени?“ има повеќе одговори.

Не се промени карактерот на руската агресија. Не исчезна кремљовската пропаганда. Не се повлече Москва од украинските територии што ги окупира од 2014 година.

Но се промени фактот дека Путин не може повеќе убедливо да зборува како лидер кој поведе „тридневна специјална воена операција“. Во 2022 година, деспотот од Кремљ настапуваше со јазик на понижување и ултиматум. Во 2026 година, истиот лик ја прифаќа реалноста на сопствениот неуспех и зборува со повнимателен речник, затоа што Украина преживеа, се спротивстави и во рацете ги држи картите, да се изразам со речникот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Промената од „банда наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“ не е морална трансформација на Путин. Тоа е признание, колку и да е неволно, дека планот за брзо уништување на Украина пропадна.

 


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ