• Latest

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026 15:27
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Билјана Секуловска / 25 минути

Славниот естраден, или за што веќе да е водител, Миро Карацов, или можеби е Кацаров, какво олеснување, конечно е именуван е за директор на Универзална сала.  Овој меѓународно познат и признаен културен великан е препознат од еднакво светски славниот политички маг, Орце Ѓорѓиевски, со само привремена функција градоначалник на Скопје. Велам привремена, затоа што Ѓорѓиевски, еднакво како и Жак Ширак, е принуден сега да ја клати фотелјата градоначалник, додека не се ослободи местото претседател на држава, или можеби генерален секретар на ОН, сѐ е во игра, се разбира.

Но, граѓаните во главниот град знаат да бидат исклучително неблагодарни и безобразни снобови, кои го гледаат со потценување Ѓорѓиевски, потсмевајќи му се и префрлајќи му дека не припаѓа во градот, најмалку има право да помислува на Универзална. Кутриот Ѓорѓиевски, со благородни и високо естетски намери, заради овие скопски скоројевичи, мораше да го повлече раскошниот талент за култура Кацарски, или Кацаров беше, како привремено решение, додека не започне да го моли Нобеловиот борд за култура да ги почести со негово членство.

Ѓорѓиевски објаснува дека Каваров или Кацаров е именуван, затоа што, за уште покутрите луѓе, вработените во Универзална, морало некој да потпишува плати, но ако баш инсистирате, ќе стане вршител на должност, чисто да подели плати. Сега ниту Ѓорѓиевски, ниту Кацаровски или Каварацов му беше презимето, фала богу, далеку е од памет, немаат никаква врска со овие плати на некакви си вработени во Универзална. Секако дека не се должни да објаснуваат кои се тие луѓе добога што земаат плати, за што мајката земаат плати, колку време побогу земаат плати, кој до сега им потпишувал бога ти плати и слични тривијалности, некакви банални ситници.

Како вистински политички функционери, под чест им е да помислат, не па да зборуваат за вакви најневажни детали од животот на еден обичен човек во оваа држава, кој се согласил да го гмечат даноците како мизерен црв, присилен да рʼмба за администрација на која ниту име и се знае, ниту работа, најмалку логика во законите и злоупотребите на јавните пари.

И не, не е виновен Кацаров, ниту Ѓорѓиевски, од каде би знаеле овие двајца невини луѓе дека уште поневини луѓе земаат плата од највиновните во овој случај-граѓаните, како данични обврзници. Сите овие невини жртви се тука за секој случај, освен луѓето кои ги плаќаат, тие се тука токму за тоа родени, со таква цел и мисија. Да им служат и да работат за оние за кои точно и за тоа го дале својот скромен глас, за да им станат покорни поданици.

Најдобро е да се молчи, затоа што само така се преживува. Како што само еден преживар го знае овој ноторен факт.

 

Извор: 25 минути


Билјана Секуловска Ива е македонска новинарка, колумнистка и уредничка. Меѓу бројните новинарски остварувања, таа е позната и по нејзиниот долгогодишен ангажман како ТВ новинарка и уредничка на емисијата „25 минути“.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ