• Latest
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

Од санкции за расизам, дискриминација и националистички скандирања до примери на солидарност и човечност - како спортот може да биде простор на почитување, а не на поделби. Говорот на омраза, расизмот и екстремниот национализам немаат место на терените, трибините и социјалните мрежи.

June 12, 2026 16:19
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Дехран Муратов

Спортот треба да биде простор каде што се промовираат фер-плејот, почитта и заедништвото. Сепак, во нашата земја и понатаму се присутни случаи на говор на омраза, навредливи скандирања и пораки кои го надминуваат спортското ривалство и прераснуваат во национална, верска или расна нетрпеливост. Проблемот не е ограничен само на стадионите и спортските сали, туку сè почесто се прелева и на социјалните мрежи, каде што омразата се шири уште побрзо и достигнува до поширока публика.

Од фудбалскиот клуб Башкими од Куманово, за ЦИВИЛ Медиа велат дека клубот отсекогаш бил и ќе остане против секаков говор на омраза, како и против националистички, расистички и верски навреди.

„Башкими може да се гордее во овој план, бидејќи никогаш на нашиот стадион не биле упатени вакви навреди и скандирања против било кого. Навивачката група „Илири“ слободно може да им одржува “семинари“ на другите навивачки групи дека може да се навива без да се навредува другиот“, велат од клубот.

Оттаму додаваат дека нивниот колектив е пример за мултикултурност и меѓусебна почит.

„Во нашиот клуб играат Албанци, Македонци и странци. И муслимани, христијани и атеисти. Кај нас играат играчи од сите раси. Ние сме семејство кое ги негува овие вредности“, истакнуваат од Башкими, посочувајќи дека клубот никогаш не бил казнет за говор на омраза.

Институциите нагласуваат дека ваквите појави не се толерираат и дека постојат механизми за нивно санкционирање. Од Јавното обвинителство објаснуваат дека постапуваат во случаи кога говорот на омраза содржи елементи на кривично дело, како што се предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост по национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа, како и во случаи поврзани со насилство на спортските терени.

Оттаму појаснуваат дека идентификувањето на сторителите и документирањето на евентуалните кривични дела за време на спортските натпревари е во надлежност на Министерството за внатрешни работи, по што обвинителството ги процесуира поднесените случаи. Воедно, Јавното обвинителство учествува во меѓуресорски тела и ги поддржува иницијативите насочени кон превенција на говорот на омраза и насилството.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека континуирано работат на откривање, спречување и санкционирање на сите облици на говор на омраза, поттикнување насилство, дискриминација и нетрпеливост.

„Во случаите кога за време на спортски натпревари се констатираат навредливи пораки, скандирања или други дејствија со елементи на говор на омраза, полициските службеници преземаат мерки согласно законските овластувања, а против сторителите се поднесуваат соодветни поднесоци до надлежните органи“, наведуваат од МВР.

Сепак, до објавување на текстот не добивме одговор од МВР и ОЈО на дополнителното прашање што им го испративме, дали имаат статистика, односно колкав е бројот на лица кои се санкционирани за говор на омраза на спортски натпревари.

Во последниот период и спортските федерации испратија јасна порака дека говорот на омраза и дискриминацијата нема да бидат толерирани. Фудбалскиот клуб Шкендија беше казнета со вкупно 105.000 евра и исклучување од Купот на Македонија за сезоната 2026/27 поради националистички скандирања и слогани со навредлива содржина на национална основа, истакнување транспарент со нацистичка содржина, за што веќе беа казнети од УЕФА, исвиркување на државната химна и други прекршоци.

ФК Вардар беше казнет со 15.000 евра поради навредливо скандирање на навивачите, додека ФК Силекс доби казна од 5.000 евра поради употреба на пиротехнички средства.

Проблемот не е присутен само во фудбалот. Во ракометот, Европската ракометна федерација (ЕХФ) отвори постапка по наводите за расистички навреди од трибините за време на европски натпревар во Охрид, меѓу ГРК Охрид и Татабања, а во кој цел на навредите бил францускиот ракометар на унгарскиот тим. Оваа истрага потврдува уште еднаш дека говорот на омраза и дискриминацијата остануваат предизвик за спортот и надвор од фудбалските терени.

Сепак, покрај негативните примери, македонскиот спорт нуди и приказни кои покажуваат дека спортските терени можат да бидат место на солидарност, пријателство и почитување на различностите.

Таков е неодамнешниот случај од Куманово кој ја трогна јавноста. Младиот фудбалер Давид Докмановиќ постигна гол и го посвети на својот врсник Аган Асани, млад фудбалер кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Со својот гест, Давид испрати силна порака за пријателство, човечност и почит, покажувајќи дека спортот има моќ да обединува дури и во најтешките моменти.

Приказната за Давид и Аган е потсетник дека вистинските спортски вредности немаат национална, етничка или верска припадност. Токму ваквите примери треба да бидат инспирација за младите генерации и најдобар одговор на говорот на омраза.

ЦИВИЛ апелира до навивачите, спортските клубови, федерациите, институциите, медиумите и корисниците на социјалните мрежи активно да се спротивстават на говорот на омраза, расизмот, дискриминацијата и националистичките провокации. Омразата не смее да биде дел од спортската култура, ниту на трибините, ниту на терените, ниту во дигиталниот простор.

Потребни се заеднички напори за градење спортска атмосфера заснована на почитување на различностите, достоинство, фер-плеј и меѓусебно разбирање. Само така спортот може да ја исполни својата вистинска улога – да ги зближува луѓето и да придонесува кон поинклузивно и демократско општество.

Во пресрет на Светското првенство во фудбал, ЦИВИЛ ги повикува сите љубители на спортот да навиваат со страст, но без омраза, да ги почитуваат противниците и различностите и да покажат дека спортот може да биде пример за единство, солидарност и човечност. Светот ќе гледа фудбал, а наша одговорност е да покажеме дека навивањето и почитта можат да одат заедно.


Овој напис е подготвен во рамките на проектот Мрежа за разновидност 2.0 – Нова агенда.

Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ