• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026 13:28
in МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски 

Го извртев Алан Форд за да ја прилагодам реченицата на состојбите кај нас. Грунф вели – ако не ни е подобро, ќе ни биде полошо. Таквата логика кај нас не важи. Ако не ни е подобро нека остане вака, како што ни е и да се чуваме од полошо. Ете, почитуван мој народе, зошто ја губме битката со сите поамбициозни народи во нашата блиска и подалечна околина. Ние не се бориме да ни е подобро туку да не не снајде полошо од ова што го имаме . Децата нѐ напуштаат, а нашиот менталитет на плашливци од секоја промена си го чуваме како идентитет. 

За национализмот не сакам ниту да размислувам, ниту да пишувам. Поставувам едно мостопитно прашање. Кое општетсво е среќно и напредно, а во него да владеат националисти? Секој поединец што бара закрила зад колективитетот, во суштина, се плаши за сопствениот индивидуален идентитет и ставови. Социјалните мрежи биле безмилосни. Па кога обичните граѓани биле добри и милостиви? Само кога се сами и кога од нив се бара одговорност за кажаното или направеното. Медиумите денес се сведоа на леснотијата на изјавите на учесниците на социјалните мрежи. Без правила на пренесување на факти, контекст, два или повеќе извори и слични дрембулии од занаетот. ВИ  ќе го уништела новинарството. Вакво какво што е кај нас, и треба да биде уништено и никој за него не треба да плаче.

Еве еден свеж пример од вчера, во мојот скроз провинцијализиран Штип. 

Во медиумите вчера со трепарав глас на известувачите беше објавено дека некој во раните мугри со булдожер срушил дел од една куќа. Вест за насловна страна и поради времето на дејствието и поради објектот на активностите и поради средствата употребени во дејствието. Со булдожер рано наутро некој се осмелува да руши куќа!   

Од сето ова вистина е дека времето на дејствието не соодветствува со законот. Каква е потребата толку рано да се спроведува нешто за кое има одлука на советот на општина Штип и на градежниот инспекторат од 2011 година?Прашање е зошто органот не постапил според законот и одлуките веќе 15 години. Има еден израз во турскиот јазик кој е објаснувачки ама ептен – јавашлук. Во тој израз се содржат и неефикасноста на правниот систем и неработата на надлежните органи. Куќата нема сопстевеник затоа што одамна е национализирана поради пречки во сообраќајот и повеќето сообраќајни несреќи што во текот на зимата се случија во последните скоро две децении. Кој не ми верува нека ги побара документите и одлуките на Советот на град Штип од 2011 година. 

Пример за леснотијата на изразување на став и користење на социјалните мрежи за потикнување на разни негативни коментари е изјавата на граѓанинот кој се жалеше  дека го разбудиле со рушење на неговата куќа. Тој дел од куќата ниту е негов ниту има право таму да спие. А и не можел да спие зошто две децении тоа е рушевина без улови за престој во неа, а камоли за спиење. Леснотијата на изразување став и лечење на разни фрустрации е јасна слика на нашиот површен менталитет на сеирџии и комшиски оговарачи. Како во онаа народна изрека – а бе, ако реков не пресеков.

Смешно е кога се доведуваат во контекст снимките на куќата која е без стакла на прозорците и видлива склонопадност и изјавите на граѓанинот. За коментарите на новинарите не сакам да коментирам . Леснотијата на правењето на прилог повлекува низа на последици ама само во општество каде одговорноста е вредност. Кога нема одговорност, медиумот е само уште една објава на социјалните мрежи без потреба од одговорност на новинарот и уредникот.

Еее, никој на овој народ не му доакал, е националистичка флоскула која бара одговор. Не треба никој да му доака сам тоа ќе си го стори.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ