• Latest
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026 09:48
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Измените на Изборниот законик остануваат заглавени и блокирани во Собранието. Власта и опозицијата повторно не успеаја да постигнат договор за клучните решенија. Наместо консензус за реформа на изборните правила, се продолжи со меѓусебни обвинувања за политички манипулации, злоупотреба на европската агенда и обиди за обезбедување предност пред следниот изборен циклус.

Владата тврди дека усогласувањето на изборното законодавство е дел од реформските обврски на државата и дека неговото одложување може да влијае врз реализацијата на дел од реформската агенда и користењето на европските средства поврзани со неа. Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата преку блокади и илјадници амандмани го попречува процесот и создава политичка криза.

Од друга страна, СДСМ ги отфрла овие тврдења, оценувајќи дека власта свесно ја поврзува европската перспектива со сопствените предлози за измена на Изборниот законик. Според опозициската партија, ЕУ не бара усвојување на конкретниот модел што го предлага Владата, туку инсистира на фер и транспарентни избори, владеење на правото, независно судство и борба против корупцијата. Од СДСМ сметаат дека предложените решенија, особено оние што се однесуваат на гласањето на дијаспората преку пошта или електронски, отвораат простор за можни злоупотреби и затоа не смеат да се носат без широк политички и општествен консензус.

Прашањето за гласањето на дијаспората останува најголемата точка на судир меѓу политичките партии. Власта предлага нови модели кои, според неа, ќе овозможат поголема вклученост на македонските државјани во странство, додека опозицијата предупредува дека ваквите решенија немаат доволно гаранции за безбедност и контрола на изборниот процес. Паралелно, Левица повторно инсистира на воведување една изборна единица и отворени листи, оценувајќи дека токму тие претставуваат суштински демократски реформи, а не промените што моментално ги предлага Владата.

Во расправата често партиите се повикуваат и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но и тука постојат различни толкувања. Опозицијата бара нивна целосна имплементација, вклучително и поголема транспарентност и подобрен пристап до изборниот материјал, додека власта тврди дека токму предложените измени се чекор кон усогласување со меѓународните стандарди.

Во Собранието се поднесени повеќе од 13.000 амандмани, што практично го блокира законодавниот процес и ја прави неизвесна можноста за брзо усвојување на измените. Наместо расправа за пошироки изборни реформи – како една изборна единица, отворени листи, подобрување на избирачкиот список или целосна имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР – политичката дебата останува фокусирана на меѓусебните обвинувања и на прашањето кој ја сноси одговорноста за застојот.

ЦИВИЛ Медиа Деск


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ