• Latest
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА ЕВРОПСКА УНИЈА

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026 09:24
in ВЕСТИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија, но напредокот кон членството ќе зависи од спроведувањето на суштинските реформи, особено во областа на владеењето на правото. Ова беше главната порака што евроамбасадорот Михалис Рокас ја упати на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, одржана во Собранието на 22 јули.

„Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на Европската Унија“, изјави Рокас.

Тој оцени дека Северна Македонија покажала институционален капацитет за спроведување на реформите, но нагласи дека тие мора да дадат конкретни резултати. Посебно ја истакна потребата од независно и ефикасно судство, ослободено од политички влијанија, со доволно кадровски и финансиски ресурси, како и итно пополнување на испразнетите судски позиции. Рокас нагласи дека е неопходен широк политички консензус за клучните закони, меѓу кои и Изборниот законик, како и дека позитивниот извештај од Европската комисија ќе зависи пред сè од напредокот во владеењето на правото.

Проширувањето добива нова динамика

Рокас посочи дека процесот на проширување на Европската Унија повторно добива силен политички импулс, наведувајќи ги неодамнешните меѓувладини конференции со Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија како доказ дека земјите кандидати кои ги исполнуваат условите напредуваат.

Тој се осврна и на француско-германската иницијатива за постепено интегрирање на земјите кандидати во единствениот европски пазар уште пред полноправното членство, паралелно со исполнувањето на реформските обврски.

Остра политичка расправа

Седницата беше обележана и со жестоки политички препукувања меѓу власта и опозицијата.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, ја обвини Владата дека свесно го забавува европскиот пат на државата, поставувајќи прашање дали актуелниот застој претставува „форма на државен удар врз европската иднина“.

Од друга страна, претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонио Милошоски, одговори дека причините за блокадата лежат во политиките на претходната власт и преземените билатерални обврски кон Бугарија.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, повика реформската агенда да не биде жртва на дневнополитичките конфронтации и ги повика сите парламентарни партии да обезбедат поддршка за законите поврзани со европските реформи.

Нов модел на европско финансирање

Осврнувајќи се на европската финансиска поддршка, Рокас најави постепен премин од традиционалните ИПА-фондови кон нови, пофлексибилни инструменти во рамките на идната повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ. Според него, новите механизми ќе овозможат поголема поддршка за реформите и постепена економска интеграција на земјите кандидати во единствениот европски пазар.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ