• Latest
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026 11:23
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Со оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, денеска во 11 часот во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Северна Македонија започна посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Сесијата ја отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, по што се обрати амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир. На сесијата обраќање ќе има и претставникот на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, Оливер Спасовски.

Во рамки на одбележувањето свои обраќања ќе имаат и амбасадорите на Франција, Кристоф Ле Риголер, на Германија, Петра Дрекслер, и в.д. амбасадорот на Полска, Мариуш Бримора.

По сесијата во „Борис Трајковски“, програмата продолжува во Кристалната сала, каде што ќе бидат претставени изложбата „Враќање на сеќавањето на Херсон“ и изложбата посветена на светското наследство на Украина под заштита на УНЕСКО.

Предвидена е и презентација на македонскиот превод на романот на Васил Шкљар „Црниот гавран: останатиот“.

Одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина во Собранието се одржува во знак на солидарност и поддршка за украинскиот народ, како и во контекст на меѓународните напори за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

35 години независна Украина

На 24 август 1991 година, во услови на распаѓање на Советскиот Сојуз, Врховната рада го усвои Актот за прогласување независност на Украина. Со овој документ, Украина беше прогласена за независна демократска држава, а нејзината територија за неделива и неповредлива. Одлуката доби убедлива демократска потврда само неколку месеци подоцна. На референдумот од 1 декември 1991 година гласаа повеќе од 31,8 милиони граѓани, односно 84,18 проценти од избирачите. Од нив, 90,32 проценти гласаа за независна Украина. Поддршката за независноста беше мнозинска во сите 27 тогашни административни единици, вклучително и Крим, Донецк и Луганск област.

Б. Ј.


Прочитајте повеќе:

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ