• Latest
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

Отсутни беа претседателката, премиерот, претседателот на Собранието и пратеници Албанци; еден пратеник потврди дека неговото отсуство било политички протест

August 24, 2026 19:04
in АНАЛИЗИ, КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

МЕДИУМСКА ОПСЕРВАТОРИЈА | ЦИВИЛ

На денешната посебна сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина, беше забележливо отсуството на пратениците Албанци.

Во дел од медиумите тоа се протолкува како бојкот поради неодамнешната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград, каде што тој потврди дека позицијата на Украина за непризнавање на Косово останува непроменета.

На сесијата не присуствуваше ни претседателот на Собранието, Африм Гаши, на чија иницијатива е формирана Интерпарламентарната група во 2024 година.

Отсуството, сепак, не беше забележливо само кај пратениците Албанци. На сесијата не присуствуваа ниту претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, ниту други високи претставници на Владата. Од извршната власт присуствуваше заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски. Овој дел од сликата остана во сенка на медиумските наслови во кои отсуството на пратениците Албанци беше ставено во преден план и протолкувано како бојкот.

ЦИВИЛ МЕДИА побара одговор од претседателот на Собранието „на што се должи денешното отсуство на пратеници Албанци на настанот во Собранието по повод 35 години независна Украина?“

„Сите пратеници добија покана за настанот, без разлика на етничката и партиската припадност. Кој присуствувал, а коj не, не се должи на етничката припадност, според мене. Сѐ додека ниту една од парламентарните групи не се изјасниле зошто би учествувале или не, мислам дека секој пратеник самостојно одлучил дали ќе присуствува на настанот“, изјави Гаши за ЦИВИЛ МЕДИА.

На прашањето зошто тој самиот не учествуваше на сесијата, Гаши одговори:

„Денеска не бев во Скопје.“

Според дел од медиумите, од партијата ДУИ одговориле дека дел од пратениците се отсутни поради годишните одмори, а дел не биле информирани.

Сепак, ваквото толкување во дел од медиумите се надоврзува и на изјавата на пратеникот Ријад Шаќири од Алијансата за Албанците, партија што е дел од владејачката коалиција. Шаќири, цитиран во „Слободен печат“, изјави:

„Во истиот момент кога украинскиот претседател Зеленски се изјасни дека Косово е во составот на Србија, не може да ја има нашата поддршка. Во знак на протест решив да не дојдам на сесијата за независноста на Украина во Собранието, ниту, пак, во иднина ќе учествувам на каква било манифестација и одбележување во врска со Украина.“

Изјавата на Шаќири потврдува еден конкретен случај на свесен политички протест поради позицијата на Украина кон Косово. За останатите отсутни пратеници, од достапните информации не може да се заклучи дека станувало збор за организиран или координиран бојкот.

Отсуствата на сесијата несомнено отвораат политички прашања, а реакциите по изјавата на Зеленски во Белград се важен дел од контекстот. Но, мотивите за отсуствата не се исти, ниту се утврдени за сите што не присуствуваа.

Притоа, забележливо беше и отсуството на високи претставници на Владата, вклучително и на премиерот, како и на претседателката на државата. Нивното неприсуство, сепак, не беше ставено во истиот медиумски контекст на бојкот. Оттаму, достапните факти не даваат доволно основа отсуството на пратениците Албанци да се квалификува како колективен, координиран бојкот.

 

 


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ