• Latest

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026 20:01
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, КОНТЕКСТ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косово останува на страната на Украина во нејзината борба против руската агресија и покрај несогласувањето со официјален Кијив околу непризнавањето на независноста на Косово, порача денеска вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти.

На приемот организиран од Претседателството на Косово по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Курти изјави дека позицијата на Косово кон Украина е иста од почетокот на руската агресија и нагласи дека косовската солидарност со Украина „никогаш не била трансакциска“.

Истовремено, Курти отворено ја оспори украинската политика кон Косово.

„Свесни сме дека Кијив сè уште не ја признава независноста на Република Косово и дека оваа позиција беше повторена пред две недели. Ние веруваме дека таа позиција не стои ниту пред историските факти, ниту пред меѓународното право и ќе го кажуваме тоа секогаш кога ќе биде потребно“, изјави Курти, додавајќи дека Косово би го поздравило признавањето од Украина.

Изјавата доаѓа две недели по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград, каде што, одговарајќи на новинарско прашање за Косово, потврди дека украинската позиција за непризнавање останува непроменета. Изјавата предизвика разочарување и политички реакции во Косово и пошироко во регионот, како и дебата во самата Украина, а воедно даде дополнителен простор за наративите што ги пласираат и засилуваат белградските и московските пропагандни кујни.

Пораката на Курти, сепак, прави јасна разлика меѓу несогласувањето со политиката на Кијив кон Косово и поддршката за Украина во нејзината одбрана од рускиот агресор. Косово ја оспорува украинската позиција за признавањето, но не ја условува својата солидарност со промена на таа позиција.

Оваа порака добива дополнително значење и во контекст на денешните реакции во Северна Македонија, каде што отсуството на пратеници Албанци од сесијата во Собранието посветена на независноста на Украина во дел од медиумите беше протолкувано како бојкот поради ставот на Зеленски за Косово. Еден пратеник, Ријад Шаќири, јавно потврди дека неговото отсуство било политички протест, но засега нема потврда дека станувало збор за координиран бојкот на пратениците Албанци.

Пораката од Приштина останува непроменета. Косово не се согласува со политиката на Кијив за непризнавање, но тоа воопшто не ја доведува во прашање косовската поддршка за Украина во борбата за слобода. Денешната изјава на Курти е само уште една потврда за таа позиција.

ЦМ Деск


Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ