• Latest

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home PR & PUBLIC AFFAIRS

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026 19:54
in PR & PUBLIC AFFAIRS, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ПР содржина

Случајот „Мазут“ повторно се враќа во фокусот, откако Вишото јавно обвинителство Скопје донесе одлука истрагата да продолжи. Одлуката следува и покрај тоа што ОЈО ГОКК во мај ја запре постапката со образложение дека не биле обезбедени докази за сторени кривични дела и дека не била утврдена штета за ЕСМ или државниот буџет.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во изјава за Канал 5 Телевизија ја доведе во прашање ваквата одлука и оцени дека Вишото обвинителство се става во позиција слична на судска инстанција.

„Мене ми изгледа ова дека е практично политички инспирирано. Во дадената ситуација практично нема можност за ревизија на јавнообвинителската одлука што беше донесена. Одлуките што ги донесува Обвинителството се независни, по кои инстанции и кој обвинител ги има донесено, бидејќи внатрешната функционална надлежност е прилично слободна, би рекол, во Обвинителството и не може да глуми повисокиот обвинител некаков сега суд, којшто наоѓа слабости во вештачењето на понискиот, односно надлежниот обвинител што постапува по случајот и да го враќа случајот сега на штета на осомничениот во постапката. Тоа е спротивно на процесни принципи, на идејата за правна сигурност, на пресумпција на невиност“ – истакна професорот Калајџиев.

Вишото обвинителство, пак, образложи дека се констатирани слабости во вештачењата врз кои била донесена одлуката за запирање на истрагата. Затоа ОЈО ГОКК доби насоки да прибере дополнителни податоци од повеќе институции и да нареди нови вештачења.

Во предметот се опфатени 13 физички и едно правно лице, а истрагата се однесува на набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Клучниот факт од претходната постапка е дека не беше утврдена штета од 167 милиони евра, колку што било наведено во пријавата на МВР. ОЈО ГОКК оцени дека мазутот бил испорачуван навремено и континуирано и дека не била утврдена штета за ЕСМ или државниот буџет.

Во истрагата не беше потврдено ниту дека мазутот предизвикал загадување на воздухот. Според официјалните извештаи на ТЕЦ „Неготино“, во периодот опфатен со истрагата не било регистрирано загадување од централата, а не било утврдено ниту надминување на граничните вредности за квалитетот на мазутот.

Паралелно со тоа, ТЕЦ „Неготино“ во 2022 година остварила добивка од приближно 2,25 милијарди денари или околу 36,5 милиони евра.

Анализите на ФЕИТ покажуваат дека доколку струјата во периодот на енергетската криза се обезбедувала преку увоз, трошокот би достигнал околу 880 милиони евра.

Сега истрагата продолжува. Но, со оглед на тоа што претходно не беа утврдени ниту штета ниту загадување, останува прашањето дали новото постапување ќе донесе нови докази или ќе се преиспитуваат заклучоци кои веќе биле донесени во истрагата.

 


PR & PUBLIC AFFAIRS | Во оваа рубрика се објавуваат промотивни, спонзорирани, партнерски и институционални содржини. Текстовите се јасно означени (ПР содржина) и не претставуваат редакциски став на ЦИВИЛ МЕДИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ