Русија уништила повеќе од 10 милиони украински книги само во текот на ова лето, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина, предупредувајќи дека руската агресија не е насочена само против украинските градови и цивили, туку и против украинскиот јазик, култура, образование и колективна меморија.
Според МНР на Украина, само во Харкив, руски напад врз издавачка куќа уништил осум милиони книги, меѓу кои и повеќе од 620.000 училишни учебници. Во најновиот напад во Кијивската област, погодени биле магацини во кои се чувале книги од повеќе украински издавачи, при што биле уништени над 60.000 книги.
Over 10 million Ukrainian books Russia destroyed in a single summer.
In Kharkiv alone, a Russian strike on the publishing house destroyed 8 million books, including more than 620,000 school textbooks. In the latest attack in the Kyiv region, warehouses storing books from… pic.twitter.com/qVxFx2L1eu
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) August 30, 2026
Од почетокот на целосната руска инвазија, Русија извршила најмалку 21 напад врз украинската книжевна индустрија. Само ова лето, повеќе од 30 украински издавачи изгубиле книги, суровини или дела што биле во подготовка, наведува украинското Министерство за надворешни работи.
„Со векови, Русија се обидуваше да го задуши украинскиот збор преку забрани, декрети и цензура. Денес користи ракети и дронови за да гори книги и да ја уништува инфраструктурата што ѝ овозможува на украинската литература, јазик и знаење да стигнат до читателите“, се наведува во објавата на МНР на Украина на платформата X.
Оваа порака ја открива една од најдлабоките димензии на руската војна против Украина. Нападите врз издавачки куќи, магацини, печатници, учебници и книги не се случајна штета. Тие се дел од пошироката руска политика на уништување на украинскиот идентитет – преку воена сила, културно бришење, пропаганда и систематско насилство врз цивилната инфраструктура.


Украинското МНР порача дека, и покрај руските напади, украинските книги ќе продолжат да се печатат, читаат и пренесуваат од генерација на генерација.
Русија може да гори книги, но не може да ја избрише украинската култура.
Џ. Д.












