• Latest

Собирање потписи за референдум за рудникот Казандол

May 23, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Собирање потписи за референдум за рудникот Казандол

May 23, 2017 14:25
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Валандовчани од вчера во локалната канцеларија на Државната изборна комисија депонираат потписи за распишување на референдум за рудникот Казандол. Потребни се 2.000 потписи, по што локалните власти ќе мора да им дозволат на граѓаните да се изјаснат преку референдум за (не)работењето на рудникот. 

Иницијативата „Спас за Валандово“, на 28 мај (недела), организира Фестивал на локална храна и локален развој. На целодневната манифестација околните производители ќе изложуваат локални производи и нивни преработки. Се работи за видови органски производи, карактеристични за ова микроподнебје, како смокви, јапонски јаболка, калинка, мед, но и други земјоделски и сточарски производи. Истовремено, ќе бидат изложени и уметнички творби на тема „Во ваква околина сакам да живеам“, изработени и од најмладите, а организирани се и музички перформанси на локални изведувачи.
Во рамките на фестивалот ќе биде одржана и трибина на која експерти ќе дискутираат на темата – Отворање рудник во еколошки крај што претежно егзистира од земјоделство и овоштарство.

Покрај настанот, активистите на „Спас за Валандово“, претежно млади луѓе кои се решителни да одат до крај во борбата против рудникот, се постојано на терен, информирајќи ја јавноста за потребата од референдумско изјаснување за отварање рудници. Тие се оптимисти дека потписите ќе ги соберат пред крајниот рок, зашто само првиот ден се собрани околу 600.

Истовремено, на терен се и претставници на компанијата „Сардич МЦ“, кои велат дека нивната инвестиција во Казандол нема да има негативни последици врз животната средина и врз органското производство.

Рокот за собирање на потписи за референдум е до 15 јуни.

 

М. И. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Во ваква околина сакам да живеам“ВаландовоКазандолрудникСардич МЦФестивал на локална храна
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result