• Latest
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

Потопени бродови со жито, потопени танкери со руска нафта... тоа се случува постојано на Црното море, но се молчеше додека се чекаа туристите на бреговите на Турција и Бугарија. Сега за тоа ќе се говори малку поотворено, особено по откритијата на „Гринпис“.

October 6, 2026 18:03
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГЕОПОЛИТИКА, ТОП 5
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

Политичкиот врв на источниот сосед вчера беше длабоко вознемирен. Овој пат ситуацијата изгледаше подраматично од инцидентите што станаа сè почести во Црното Море по почетокот на руската агресија врз Украина. Повод беше нападот со дронови врз два трговски брода во близина на Бугарија.

Што е познато досега?

Според Дојче веле на бугарски јазик, два трговски брода биле нападнати со дронови во бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море. „Алфа Ватан“ (ALFA WATAN), кој пловел под знамето на Того, потонал, додека „Ејбл“ (ABLE), под знамето на Палау, бил оштетен.

„Алфа Ватан“ пловел од Турција кон романското пристаниште Сулина, додека „Ејбл“ се движел од Романија кон Истанбул. Засега нема потврда дека двата брода припаѓале на таканаречената „темна“ или „сенка-флота“, ниту дека биле под меѓународни санкции.

Ова е прв ваков напад врз бродови во ексклузивната економска зона на Бугарија. Таа зона не е дел од бугарските територијални води, кои според меѓународното право се протегаат до 12 морски милји од брегот. Нападот, според бугарските власти, се случил околу 70 морски милји источно од градот Бјала.

„Алфа Ватан“ потонал, а спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по неговиот екипаж. Од „Ејбл“ се евакуирани сите 18 членови на екипажот, соопшти БНТ. Меѓу нив има двајца потешко повредени – едниот со изгореници, а другиот со повреда на главата.

Бугарските власти потврдија дека бродовите биле нападнати со дронови, но засега не е официјално утврдено нивното потекло ниту кој стои зад нападот.

Премиерот Румен Радев свикал итен состанок со Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и води. „Бугарија спроведува спасувачка операција 70 милји источно од градот Бјала“, објави Радев. „Категорично е потврдено од екипажите дека двата брода биле нападнати со беспилотни летала“, додаде бугарскиот премиер, прецизирајќи дека станува збор за морски и воздушни беспилотни летала. Од екипажот на Ејбл (ABLE), 11 се турски државјани, 7 се индиски. Румен Радев го опиша случајот како „кршење на меѓународното и поморското право“.

Веднаш да додадеме дека хрватскиот печат пишува дека фактички се работи за бродови во турска сопственост кои пловат под други знамиња. Еден од преживеаните морнари од Ејбл, кој е превезен во Варна, рекол дека, според него, не се работи за воздушен дрон – бродот бил погоден со нешто што дошло одоздола, под водата, можеби подводна бомба. „Не беше дрон, беше под вода“, рекол морнарот, пренесува N1, додавајќи дека тој смета оти се работи за руски напад бидејќи превезувале украински товар. Потоа бил однесен во Граничната полиција за да даде официјална изјава. Официјалните бугарски информации, сепак, засега говорат за напад со морски и воздушни дронови, чие потекло сè уште се утврдува.

Вест за потонат брод имало и од страна на романските власти, но станува збор за посебен настан, еден ден претходно. Во тој инцидент загинале две лица, а 11 морнари биле спасени. Бродот „Ројад Мамадов“ (ROYAD MAMMADOV), во турска сопственост и под знамето на Сент Китс и Невис, превезувал пченка од украинското пристаниште Измаил кон Италија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за „ужасниот напад“ со руски дронови. Романските власти го потврдија пожарот, потонувањето и спасувачката операција, но не ја утврдија самостојно причината за нападот.

Пребарувањето на инциденти во Црното Море покажува дека слични настани имало и претходно. Во текот на летото беа забележани нафтени петна во морската вода во близина на Бургас. Во центарот на вниманието се најде танкерот „Каирос“, за кого проговорија од „Гринпис“. Според оваа организација, сателитските снимки покажуваат десетици нафтени петна во непосредна близина на танкерот во периодот од крајот на април до крајот на јули, што предизвикува сериозни сомневања дека бродот бил извор на загадувањето.

Наводно немало траги од загадување при дел од инспекциите, соопштувале од бугарската „Поморска администрација“. Што е познато? Танкерот „Каирос“ се наоѓал во Бургаскиот Залив околу осум месеци, откако бил довлечкан таму во декември 2025 година, и покрај барањата да биде отстранет. Бродот, кој „Гринпис“ го вбројува во руската флота во сенка и кој е под санкции на ЕУ и Велика Британија поради транспорт на руска нафта, е под лупа на институциите и невладиниот сектор, вклучително и поради сомневањата дека е извор на загадување со нафта.

Во август активистите на „Гринпис“ ја напишаа пораката „NO GAS + OIL“ на бродот и предупредија дека, според анализата на сателитските снимки, во периодот меѓу април и јули повеќепати биле забележани нафтени петна во непосредна близина на танкерот.

Официјалните бугарски институции, од друга страна, соопштија дека испитувањата во декември 2025 година не покажале загадување на морската вода. Во јули 2026 биле забележани изолирани дисколорирани дамки во пошироката зона околу бродот, но при повторните инспекции не било утврдено истекување на гориво или нафта директно од „Каирос“.

Останува нејасно кога танкерот од руската флота во сенка ќе биде изнесен од бугарските територијални води. Според информациите на бугарската Поморска администрација, сопственикот на бродот во моментов ги координира потребните процедури со турските државни и пристанишни власти за „Каирос“ да биде префрлен во специјализирано турско пристаниште за рециклирање. Дотогаш, оштетениот и санкциониран танкер останува во Бургаскиот Залив, заедно со отворените прашања за ризикот од загадување, одговорноста на сопственикот и безбедноста што ја носи присуството на бродови од руската флота во сенка во Црното Море.

 

Tags: Бугаријаруска агресијатурцијаЦрно море
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ