• Latest
Фотографија: Martti Salmi / Unsplash

Естонија ги затвора сите три гранични премини кон Русија од 1 декември по обидот за саботажа

November 16, 2026

ЦИВИЛ: Ниту едно презиме, функција или политичка врска не смее да биде штит за насилството и неказнивоста!

November 16, 2026

АЛТА БАНКА БИТОЛА НА ПРОДАЖБА: Кој има право да ги продаде акциите и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

Потресна објава на мајката на Сара: Ќерката е во болница, осомничениот на слобода – кој ја штити правдата?

November 16, 2026
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ ја засилува поддршката за Украина пред зимата и предупредува на руските хибридни закани

November 16, 2026
Илустрација ВИ

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден за толеранција: Толеранцијата не е молчење пред агресијата и омразата – нема мир без правда

November 16, 2026
NVIDIA (photo:  Wikipedia)

NVIDIA во криза: Меѓу секс скандалите и шпионажата

November 16, 2026

Држава на апсурди и индиции за продолжување на уривањето на Системот за заштита и спасување

November 16, 2026
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА

Естонија ги затвора сите три гранични премини кон Русија од 1 декември по обидот за саботажа

November 16, 2026 11:58
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ЕВРОПА, ТОП 5
Фотографија: Martti Salmi / Unsplash

Фотографија: Martti Salmi / Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Естонија од 1 декември ќе ги затвори сите три патни гранични премини кон Русија, по обидот за подметнување пожар во естонската одбранбена компанија „Threod Systems“, производител на беспилотни летала. Естонските власти ја обвинуваат руската воена разузнавачка служба ГРУ дека го организирала нападот, додека Москва ги отфрла ваквите обвинувања и најавената мерка ја оцени како израз на „русофобија“.

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна на 15 ноември соопшти дека сите гранични премини меѓу Естонија и Русија ќе бидат затворени од 1 декември. Според неговата изјава, целта на мерката е да се намалат безбедносните ризици, можностите за непријателски активности и заобиколувањето на санкциите против Русија.

„Русија мора да разбере дека непријателските дејствија против Естонија повлекуваат последици“, порача Цахкна, додавајќи дека Талин ги информирал своите партнери од Латвија, Литванија и Финска, како и претставниците на Европската Унија.

Осуммина државјани на Латвија приведени по обидот за напад

Инцидентот во компанијата „Threod Systems“ се случил во раните утрински часови на 14 ноември, во објектот на компанијата во Виимси, северно од главниот град Талин.

Според информациите на естонскиот јавен сервис ERR, осум државјани на Латвија биле приведени под сомнение дека се обиделе насилно да влезат во објектот и да предизвикаат пожар. Обидот бил спречен благодарение на интервенцијата на обезбедувањето на компанијата, а не била причинета значителна материјална штета.

Генералниот директор на естонската Служба за внатрешна безбедност (КАПО), Марго Палосон, изјавил дека контраразузнавачките сознанија упатуваат на руската воена разузнавачка служба ГРУ како организатор на нападот.

Според обвинителката Астрид Аси, обвинителството побарало притвор за петмина од осомничените. Истрагата треба да ги утврди околностите на организацијата на нападот, улогите на приведените и евентуалната поврзаност со други лица.

Компанијата „Threod Systems“ произведува беспилотни летала за извидување и напади со долг дострел. Инцидентот е втор ваков случај насочен кон естонската одбранбена индустрија во последните месеци. Претходно, во август, беше пријавен пожар во објект на компанијата „Milrem Robotics“ во Талин, за кој естонските власти исто така се сомневаат дека бил поврзан со руски специјални служби.

Москва ја оцени одлуката како „русофобија“

Најавата за затворање на границата предизвика реакција од Москва. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за државната новинска агенција ТАСС изјавила дека, доколку Естонија навистина ги реализира плановите, тоа ќе претставува уште еден пример за, како што го нарече, „агресивна и неконтролирана русофобија“.

Русија постојано ги отфрла обвинувањата на европските држави за организирање или поддршка на саботажни операции на нивна територија.

Три премини под засилени безбедносни мерки

Естонија, членка на НАТО и Европската Унија, има три патни гранични премини кон Русија: Нарва, Лухамаа и Коидула. Преку нив се одвиваат пешачкиот и товарниот сообраќај, кој веќе подолго време е предмет на ограничувања.

Според ERR, естонските власти најавиле дека граѓаните на Естонија и возачите на камиони кои се наоѓаат во Русија ќе имаат уште две недели за враќање пред затворањето на премините.

Засега не е утврдено дали затворањето ќе биде привремено или ќе остане на сила на неопределено време. Мерката е дел од пошироките безбедносни напори на Талин за ограничување на ризиците поврзани со руските хибридни активности, заштита на одбранбената инфраструктура и спречување на заобиколувањето на меѓународните санкции.

Б. Ј.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ