На 30 ноември 2026 година е закажана првата јавна берзанска аукција за продажба на 372.742 акции, односно 95,336 проценти од Алта банка АД Битола. Почетната цена изнесува 3.777 денари по акција, а вкупната вредност на пакетот е приближно 22,9 милиони евра.


Но, продажбата не е само финансиска трансакција. Акциите се во сопственост на Алта банка Белград, која е во стечај, а не лично на српскиот бизнисмен Давор Мацура. Законот за банките предвидува механизам за присилна продажба, но неговата примена бара исполнување конкретни законски услови. Оттука произлегуваат три суштински прашања: Дали е обезбедена целосната правна документација? Како е утврдена почетната цена? И како ќе бидат распределени средствата од продажбата?
ЦИВИЛ МЕДИА во повеќе наврати известуваше и анализираше за аферата Алта банка, вклучително и за сомнежите околу потеклото на капиталот, сопственичките врски, институционалните проверки и одговорноста на надлежните.
Во приложениот инфографик ги претставуваме клучните факти и отворените прашања.
Редакција ЦИВИЛ МЕДИА
АЛТА БАНКА БИТОЛА НА ПРОДАЖБА: Кој има право да ги продаде акциите и каде ќе завршат милионите?












