Помина една година од локалните избори. Градоначалниците имаа време да ги претстават своите планови, да ги започнат најавените проекти и да покажат како ќе управуваат со општините. Но што навистина се смени во животот на граѓанките и граѓаните?
Дали улиците се подобри, општините почисти, јавните услуги поефикасни? Дали се уредуваат парковите и зелените површини? Што е со водоснабдувањето, канализацијата, уличното осветлување, училиштата и градинките? Дали општинската администрација им служи на граѓаните или тие сè уште се соочуваат со истите проблеми?
И, се разбира, што се случи со изборните ветувања?
По вчерашната анализа на 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски, ЦИВИЛ денеска ја отвора дискусијата за локалната власт низ целата земја.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што се смени во вашата општина за една година? Наведете ја општината и конкретни примери. Ако ги има.
Ги повикуваме граѓанките и граѓаните да споделат искуства, критики, пофалби и предлози. Кажете што е направено добро, што е влошено, што останало исто и кои ветувања сè уште чекаат исполнување.
Наведете ја вашата општина. Посочете конкретен пример. Позитивен или негативен.
Градоначалниците имаат право да се пофалат со сработеното. Но граѓанките и граѓаните имаат право да прашаат што добиле за возврат од локалната власт.
ЦИВИЛ е вашиот простор. Искористете го. Кажете го своето мислење!
Редакција ЦИВИЛ МЕДИА
View this post on Instagram












