ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да не молчат пред насилството, дискриминацијата, неправдата и институционалното непостапување. Секој случај на кршење на човековите права и слободи заслужува внимание, соодветна реакција и одговорност од надлежните институции.
ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, им стои на располагање на граѓанките и граѓаните за пријавување и документирање случаи на насилство, дискриминација, институционално непостапување и кршење на човековите права и слободи.
info@civil.mk
Во Прашањето на денот од 17 ноември, ЦИВИЛ повторно отвори јавна дебата за тоа што конкретно мора да преземат полицијата, обвинителството, судовите и другите надлежни институции за да се спречат нови трагедии и да се стави крај на насилството и неказнивоста.
ЦИВИЛ со години предупредува дека насилството и неказнивоста не смеат да се толерираат, а институциите имаат обврска да постапуваат навремено, професионално и во интерес на заштитата на жртвите и човековите права.
Не молчете. Пријавете. Документирајте. Барајте одговорност.
Човековите права не се привилегија, туку право на секој човек. Насилството и неправдата не смеат да останат без одговор.
ЦИВИЛ












