• Latest

Рушењето на „Скопје 2014“ ќе отвори нови работни места!

June 9, 2017
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Рушењето на „Скопје 2014“ ќе отвори нови работни места!

June 9, 2017 12:26
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Рушењето на #Скопје2014 ќе го поттикне туризмот, ќе овозможи нови приходи за државата и граѓаните, како и отворање на нови работни места. Германците до ден-денес, речиси три децении по рушењето на Берлинскиот Ѕид, продаваат негови парчиња како сувенири. Со сертификат за автентичност – и не се баш евтини.

Пишува: Филип Стојановски

Пресметајте колку само сувенири ќе се направат со материјалот од градбите кои ја симболизираат корупцијата и аздисаноста на режимот на Никола Груевски!

А сертификатите да ги потпишуваат токму лицата за кои ќе се докаже дека биле дел од коруптивната шема. Како дел од нивните затворски казни, да се вработат во сувернирниците, со своја рака да ги даваат на муштериите! Парче стиропор, чиј материјал не вреди ни денар, но со сертификат за автентичност, потпишан лично од Груевски, ќе може да се продава за минимум 10 евра – како колекционерски примерок.

За преместување споменици, нека се направи референдум на ниво на државата. На гласачкото ливче нека се наредат сите споменици, со нивната цена на чинење, одржување и преместување. Секој граѓанин нека има можност да одбере под а, б, в (како на екстерно) дали сака споменикот да се уништи, да се пренесе во неговата општина (за Центар – да останат кај што се) или пак, да се пренесе во посебен парк како што имаат направено Унгарците. Тие најзабеганите споменици од комунизмот ги имаат ставено во Мементо парк, кој сега претставува една од туристичките атракции на Будимпешта. Еве, на пример, во Пелинце, Дељадровце – таму и онака ги носат децата на екскурзии. Нека заживее руралната средина, ќе се направи инфраструктура да го прими напливот и на странски туристи.

Само прекинувањето на трошоците за одржување, поправките на фушерајот, ангажирањето на СГС и слични фирми да ги чуваат, сметките за струја, вода, кмичењето на костимирани млади лица, чистењето измет од птици, ќе ни заштеди стотици илјади евра  од #нашитеПари годишно!

А најважено, како што рече Југослав Петровски, симболичкиот аспект. Присуството на спомениците, како и незаконски направените графити со имиња на политички партии, создаваат впечаток на моќ на нивните автори. „Скопје 2014“ е симбол на моќта на ВМРО да прават што сакаат.

СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија и коалицијата мора да сфатат дека потценувањето на историското и симболичкото, му овозможи на ВМРО-ДПМНЕ да го пополни тој простор. Но, не смее да ги имитираат и да се подлизуваат на нивните гласачи. Ако навистина сакаат да се смени нешто, и да спречат одлив на нови 5 милијарди евра од џебовите на нашите деца и внуци, рушењето на „Скопје 2014“ е прва превентивна мерка за спречување на враќањето на груевистите или на некаква нивна копија.

Мора да се направи темелна ревизија и сите градби за кои ќе се докаже и трошка корупција, да се отстранат. Оти, во спротивно, се легитимира корупцијата. Да, ќе чини пари, но ќе платиме многу поскапа цена ако на финта АПП („ako prođe – prođe“) се остави да тлее популизмот и евентуално да се врати.

Има многу начини да се заштеди. Градежните фирми за кои ќе се докаже дека биле вклучени во коруптивни зделки, да може да го вратат дел од долгот во натура, преку обезбедување услуги за рушење – на нивни трошок.

Важен е и аспектот на безбедноста. Колку од зградите се без технички прием, или на принцип АПП? Дали барокните фасади се запалливи? Во Баку, Азербеџан, каде исто така диктаторот „разубавува“, има многу пожари токму поради новите фасади. Дали во сите згради се почитувани правила за заштита? На пример, тесната зграда врз паркчето до „Бристол“ нема скали, само лифтови. Како е предвидено да се симнуваат луѓето од горните катови во случај на пожар или земјотрес? Колку зградите изградени во заштитниот појас на Вардар и во неговото корито ја зголемуваат опасноста од поплави?

Наша должност како родители и старатели е да ја намалиме можноста нашите деца да ги тргаат нашите маки или да се изложени на уште поголеми ризици.

 

 

 

Tags: графитиполитички партиипоплаваработни местаСкопје 2014сувенир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ