• Latest

Активностите на ЦИВИЛ во април – во медиумите

June 15, 2017

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Активностите на ЦИВИЛ во април – во медиумите

June 15, 2017 13:54
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Активностите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во текот на април, постојано беа следени и објавувани од и од традиционалните, национални медиуми и од Интернет медиумите. Посетите кои тимовите на ЦИВИЛ ги остварија во неколку градови низ Македонија беа проследени од локалните и од регионалните телевизии, а ниту радио-станиците не останаа глуви за тоа што ЦИВИЛ имаше да го каже за човековите права и слободи, за социјалната правда и работничките права, за животната средина, како и за референдумското изјаснување на граѓан(к)ите на локално ниво, се вели во извештајот за медиумската застапеност на активностите на организацијата за месец април, објавен на организацискиот сајт на ЦИВИЛ.

На почетокот на месецот, ЦИВИЛ објави соопштение „Крик до јавноста“. Пораката која се испраќа, а се однесува на парализираното Собрание и на нефункционална администрација, наиде на голем интерес особено кај медиумите кои објавуваат содржини на албански јазик. Alb Portali, Portalb, Lajmpress, Flaka, Almakos, Botasot, Telegrafi, Gazetaexpress...

Формуларот за пријавување на политички притисок, мобинг или дискриминација на ЦИВИЛ беше пренесен на повеќе Интернет портали како што се Мета, Плусинфо, А1 он, Либертас, Фокус, како и во дневниот весник Слободен печат.

Како дел од проектот „РЕТРОактива“ што претставува заеднички напор на повеќе организации да направат ретроспектива на граѓанскиот активизам и отпорот во постјугословенскиот регион, во периодот 1980-2016 година, дел од тимот на ЦИВИЛ беше во Загреб, Хрватска на регионалната, мултимедијална изложба „Отпор, движење, промени: Фрагменти од уметничките и активистичките практики од крајот на осумдесеттите до денес“.  Настанот предизвика голем интерес во хрватските медиуми како што се H-Alter, HRT, UdrugaIKS…

ЦИВИЛ во април започна со реализација на проектот „Општество без граници“ со поддршка на германската Фондација Хајнрих Бел. Главна цел на акцијата е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и за активно учество на граѓаните во процесите на одлучување. Во рамки на проектот, ЦИВИЛ започна со серија на анкети низ повеќе градови во Македонија. Првата анкета „На работ на егзистенцијата“, беше снимена во Скопје. Одговорите на прашањето Како може да преживее едно семејство со примања под 20.000 денари, предизвикаа голем број на реакции по социјалните мрежи но и на Интернет порталите како што се Бриф, Oranews, Ina-online, Botasot, Telegrafi, Lajmi, Portalb, Lajmpress, Almakos…

ЦИВИЛ го посети и Гостивар, каде одржа информативна средба со граѓан(к)и и прес-конференција за проектот и за Граѓанската повелба. Медиумите  TV Globi, Portalb, Telegrafi, Lajmpress и Гостивар прес информираа за започнувањето на проектот и за гостувањето на ЦИВИЛ во овој град.

Локалниот референдум во Гевгелија, на кој гевгеличани имаа можност да се изјаснат „за“ или „против“ отворање на рудник на планината Кожуф, беше набљудуван од мониторинг-тимот на ЦИВИЛ. Како единствена организација која го набљудуваше подготвувањето на референдумот, кампањата и самиот ден на гласање, ЦИВИЛ беше единствен извор и за традиционалните медиуми и за Интернет порталите. МКД, Сакам да кажам, Нова ТВ, Радио Моф, Канал77, Макфакс, Република, ТВ21, Слободен печат, Тв24, Плусинфо, Либертас, Фокус, Мета, Канал 5, Portalb, Lajmpress, Telegrafi…, беа само дел од медиумите кои информираа за набљудувањето на ЦИВИЛ.

Велес беше вториот град каде ЦИВИЛ ја презентираше Граѓанската повелба. Слободен печат, Дума, Ти реков ми рече, Тв Здравкин, Tetova Sot, Telegrafi  информираа за активностите на ЦИВИЛ во Велес.

На 27 април во Македонија се случи насилен упад во Собранието што резултираше со повеќемина повредени пратеници и новинари. Како реакција, ЦИВИЛ во соопштение до јавноста го осуди насилството. По прес-конференцијата на Ѓорге Иванов, ЦИВИЛ побара негова одговорност и оставка. Медиумите Окно, Репортер, Пинг, Слободен печат, Радио Моф, Tetova Sot, Нова Македонија, Макфакс, ја пренесоа пораката на ЦИВИЛ.

Проектот „Општество без граници“ беше промовиран и во Битола. Регионалната телевизија Орбис, присуствуваше на прес-конференцијата во овој град. И викендот што следуваше за ЦИВИЛ беше работен: во Охрид, Струга и Ресен се одржуваа средби со граѓански организации, беше одржана и прес-конференција, а беа направени и анкети со граѓан(к)ите. Охрид прес и ТВМ беа дел од промоцијата на проектот во Охрид, продолжениот викенд кој беше работен за ЦИВИЛ, беше најавен и на порталите Евенси и Веб Охрид.

Медиумските содржини ЦИВИЛ ги објавува на своите веб-страници на македонски, на албански и на англиски јазик. Сите содржини се достапни за споделување и превземање со наведување на изворот.

 

 

Tags: „Крик до јавноста“„Општество без граници“БитолаВелесГевгелијаГостиварГраѓанска повелбаинфо-штандовиОхридпрес-конференцииресенРЕТРОактивасредби со граѓаниСтругаупад во парламентот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ