Македонското здружение на млади правници во соработка со Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации во Скопје и со Здружението на новинари на Македонија, ги објави резултатите од конкурсот за „Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија“ што ќе се доделат на 20 јуни, Светскиот ден на бегалците.
Вo категоријата напис или серија написи првонаградена е Марија Тасев, од „Дневник“ за написот „Во моето убаво Алепо сега има само барут и смрт“, втората награда ја освои Адмир Фазлагииќ од Агенцијата „Анадолија“ за „Слепиот сириски бегалец Леис: Музиката е мојот живот“, а третата, Мери Јордановска за написот „Заборавени на балканската бегалска рута“, објавен на prizma.mk.
Во категоријата емисија, прилог или краток документарец Милка Смилевска од ТВ „Ал Џезира“ е првонаградена за прилогот „Заглавени на балканската бегалска клупа“, втората награда ја освои Искра Опетческа од ТВ 21 за „ Живот под отворено небо, секој 113 човек во светот е бегалец“, а третата – Лепа Џундева од ТВ „Алфа“ за „Сириски уметник твори во прифатен центар“.
Во категоријата фотографија – првонаграден е Роберт Атанасовски за „Девојка со куфери“, фотографија објавена во агенцијата Frans Press и на интернет порталот мкд.мк, второто место ѝприпадна на Маја Златевска за фотографијата „Поглед“, објавена во „Дневник“ а третото место на Томислав Георгиев за фотографијата „Migrant Cold“ објавена во „Фокус“.