• Latest
Ombudsman Idzet Memeti

МТСП ќе ја разгледува иницијативата на Народниот правобранител за надоместок за трето дете и за татковците

June 16, 2017
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МТСП ќе ја разгледува иницијативата на Народниот правобранител за надоместок за трето дете и за татковците

June 16, 2017 18:12
in ПОЛИТИКА
Ombudsman Idzet Memeti

Ombudsman Idzet Memeti

Share on FacebookShare on Twitter

Народниот правобранител Иџет Мемети поднесе Иницијатива за  изготвување Предлог за изменување и дополнување на одредбите од Законот за заштита на децата.

Во член 30-а, став 1 од Законот за заштита на децата, родителски надоместок за дете остварува мајката за своето трето живородено дете, во случај мајката да ги исполни потребните норми пропишани со законот. Ваквите  решенија во законот, според Народниот правобранител, не дозволуваат таткото, како родител, да го оствари правото на додаток, ако мајката не е во можност, што според Уставот е дискриминација по основ на пол.

„Постојните нормативни решенија предизвикуваат неднаквост и правна несигурност бидејќи само мајката може да го оствари ова право, но не и таткото, со што се оштетени како родители и семејство, при што не се води сметка за целта на давањето на наведениот паричен надоместок, односно подобрувањето на животниот стандард  на семејството кое има трето дете“, стои во иницијативата.

Во очекување одговор од Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител бара да се обрне внимание и на „парадоксалната фактичка состојба“, во која корисниците на социјална парична помош и други видови социјални примања не можат да остварат право на родителски додаток за трето дете, додека лицата кои се во работен однос, го остваруваат наведеното право, без оглед на висината на примањата.

Повикувајќи се на начелата за социјална  правда, хуманизам и солидарност, како темелни вредности на Република Македонија, Народниот првобранител се надева дека во предвидениот законски рок иницијативата ќе се разгледа и навремено ќе се добие согласност за предлозите за измени и дополнувања во Законот за заштита на деца.

Министерството за труд и социјална политика кое не ја добило иницијативата на Омбудсманот, излезе со став дека штом ја добие, внимателно ќе ја разгледа.„Сакаме да ја известиме јавноста дека на почетокот на идната недела министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе оствари средба со Народниот правобранител Иџет Мемети на која ќе се разговара на повеќе теми и прашања и веројатно ќе стане збор и за оваа иницијатива. Од МТСП потенираат дека се отворени за сите иницијативи од институции, поединци и здруженија на граѓани и дека ќе се разгледува секоја иницијатива која е од интерес за граѓаните.

Tags: ombudsmanЗакон за заштита на децатаизмени и дополнувањаМеметиМинистерство за труд и социјална политикаЦаровска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ