• Latest

Власта на ВМРО-ДПМНЕ предизвикала огромни штети врз културното наследство!

June 28, 2017

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Власта на ВМРО-ДПМНЕ предизвикала огромни штети врз културното наследство!

June 28, 2017 14:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Задоцнетата интервенција на поранешното раководство на Музејот на Македонија за санирање на штетите во Галеријата на икони, откако паднал дел од таванот, на 9 март годинава, предизвикала дополнителни оштетувања врз ова раритетно, културно наследство. По извршениот увид, Министерството за култура, деновиве презема итни мерки за санација на состојбата. Веднаш е извршена и кадровска промена, па за вршител на должност – директор е именуван Гордан Георгиев, на местото на досегашната директорка Мирјана Нинчовска, која што, според Министерството, не ги презела потребните мерки навреме.

 

Најстарата музејска институција во државата, Музејот на Македонија, со највредни музејски збирки, како што е Галеријата на икони, коишто се предмет на проучување на врвни домашни и светски специјалисти, како што рече министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, „од претходната власт била третирана како депо, се извлекувале артефакти, што се користеле во новите партиски музеи“. Но, според него, „она што е најстрашно, е целосната маргинализација на оваа институција, што е видливо, и поради тоталната незаинтересираност за збирката на икони, која по својата вредност е една од најбогатите и најпознатите сочувани збирки на Балканот“.

„Токму овие врвни примероци на иконопис, досегашното раководство ги остави да пропаѓаат во неадекватни услови, во простории коишто при секој пороен дожд прокиснуваат! Делата се дополнително изложени на оштетувања од високите температурни разлики, поради отсуство на систем за климатизација. Истото се случува и со етнолошката збирка, чија вредност е исто така, исклучителна. За овие докажани и потврдени вредности од нашето културно наследство, претходната власт не почувствува потреба да инвестира и да обезбеди услови за нивно опстојување и презентација пред светската јавност“, вели министерот Алаѓозовски.

Роберт Алаѓозовски

Новоформираните раководни тимови на Музејот, Националниот конзерваторски центар и Градскиот конзерваторски центар, како што рече министерот, интензивно работат на утврдување на степенот на загрозеност на иконите и фреските од Галеријата, како и на изнаоѓање на соодветни простории со микроклиматски улови, во кои привремено ќе бидат депонирани експонатите, сè до нејзина санација и обезбедување на соодветни микроклиматски услови.

„Стручниот тим од Градскиот конзерваторски центар, ќе предложи и архитектонски решенија за итна санација на просторијата, во којашто ќе бидат сместени иконите. Министерството за култура ќе изврши ревизија и на состојбата на музејските збирки и условите во коишто се чуваат и презентираат врвните вредности од нашето културно наследство и ќе изработи приоритетна листа за санација на штетите предизвикани од претходната власт. Нашето културно богатство е од најголемо значење и највисок приоритет за нас, и ние нема да дозволиме тоа да не се заштитува соодветно и да се уништува како досега“, дециден е Алаѓозовски.

Инаку, Галеријата на икони во Музејот на Македонија во Скопје, е најрепрезентативната од ваков вид во државата, заедно со Галеријата на икони во охридскиот Музеј и завод. Поставката содржи икони, коишто датираат од почетокот на 14 до средината на 20 век. Според Законот за заштита на културното наследство, оваа збирка на икони е прогласена за културно наследство од особено и исклучително значење.

М. Талеска

Tags: „икони“в.д. директорВМРО-ДПМНЕГалерија на икониекспонатикултурно наследствоМузеј на Македонијанегрижа Министерство за културапартиски музеиРоберт Алаѓозовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ