• Latest

Ванхауте: Сами треба да ги регулирате вашите односи!

June 30, 2017
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ванхауте: Сами треба да ги регулирате вашите односи!

June 30, 2017 14:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Анализа за финансиските и кадровските прашања и продукцијата на јавниот радиодифузен сервис за чие подобро функционирање треба да се одвои најмалку еден процент од Буџетот, како и саморегулација на медиумите, без мешање на Владата, се предлозите за реформи во медиумите кои денеска ги презентираше Питер Ванхауте. 

На денешната прес-конференција со претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани, Ванахауте порача дека е време да се делува и да се оди напред со медиумските реформи.

Селмани пак, истакна дека Предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој минатата година беше поднесен од ЗНМ и од Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ), а кој во процедура го пушти тогаш опозициската СДСМ, доби поддршка од актуелната Влада, како прв чекор за отпочнување на реформите во медиумите.

„Новата Влада рече дека ќе се заложи за брзи реформи во медиумите. Ние очекуваме дека ова Предлог-решение што го изготви Питер Ванхауте ќе биде на врвот на листата на приоритети. Сметаме дека нема повеќе време за губење и потребно е сите заеднички да се заложиме и да го отвориме тој процес, пред сè, во делот на слободата на говорот. На сите ни е јасно дека реформите се неопходни, знаме дека се нотирани како приоритетни и во извештаите на ЕУ“, изјави Селмани.

Селмани рече дека со Владата се водат разговори да се стават на јавна дебата измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што ЗНМ ги изготви со Советот за етика во медиуми (СЕМ), ССНМ, Институтот за комуникации и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), врз основа на предлогот на Ванхауте. Јавната консултација за предлогот, што би ја организирала Владата, се очекува да почне наредната недела, а за две недели и дебата во парламентот.

Според Ванхауте, важно е во консултациите да бидат вклучени сите релевантни чинители. За сите партии од опозицијата, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, ова е можност за конструктивно вклучување во тековниот дијалог.

Во однос на концептот на саморегулација, Ванхауте укажа дека Владата не е таа која треба да ги уредува односите во медиумите и да кажува кој што треба да прави.

„Вие, меѓу себе треба да ги регулирате вашите односи, тој концепт треба да важи општо во медиумите и се надеваме дека со тек на време, ќе најдеме решение и за онлајн медиумите. Предлозите што во моментов ги имаме, немаат сугестија како можете да влезете во саморегулацијата. Предлогот што е во моментов на маса, исто така, не навлегува во иднината на различните агенции и нема да навлегува во подробности околу субвенционирањето на јавни или приватни медиуми, освен што ќе се осврне на јавниот сервис“, рече Ванхауте.

Тој истакна дека верува оти откако ќе се усвои предлогот кој е ставен на маса, тоа ќе биде одлична појдовна точка за реформи на сите медиуми. Ванхауте додаде дека, исто така, е многу важно да не се дозволи неказнивост на насилство врз новинарите и побара расветлување на 52-та случаи на насилство врз новинари и преземање на мерки од судот за случајот со новинарот Зоран Божиновски кој сè уште не е изведен пред суд.

М. И.

Tags: 52 случаја на насилствоВанхаутеЗНММедиумиПредлог законреформисаморегулацијаССНМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ