Европскиот експерт Питер Ванхауте изготви предлог за медиумски реформи, како резултат на средбите со политичките партии за решавање на политичката криза во Македонија. На покана на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), оваа недела Ванхауте е повторно во Скопје, а неговото присуство ќе се искористи за лобирање во Владата за спроведување на неговите предлози.
Во агендата на Ванхауте предвидени се средби со претставниците на ЗНМ и на Новинарскиот форум, со претставници на Владата и со дипломатскиот кор.
За денеска напладне, најавена е средба со премиерот Зоран Заев, по што следува прес-конференција за развојот на процесот на медиумски реформи.
Вчера, претставници на ЗНМ и Ванхауте имаа одвоени средба со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и со претставници на американската амбасада.
На крајот од неговиот престој во Македонија поранешниот европски посредник и претставниците на ЗНМ ќе оддржат заеднички брифинг со претставниците на дипломатскиот кор во Скопје, на кој уште еднаш ќе се потенцира потребата за реформи, какви што предвидува предлогот што произлезе од разговорите со партиите.