• Latest

ЦИВИЛ организира трибина без табу теми со реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ

July 16, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ организира трибина без табу теми со реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ

July 16, 2017 12:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформите во ВМРО-ДПМНЕ за кои се залагаат дел од нејзините актуелни членови, го привлече вниманието на јавноста. На самиот почеток, реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ добија голема поддршка, но се соочија и со големи притисоци. Со години, работењето на оваа партија беше скриено зад превезот на тајноста и зад скапите медиумски кампањи. ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повика реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на сите прашања и теми кои се отворија овие денови, по нивните први јавни настапи.

Што навистина се случувало и сè уште се случува во ВМРО-ДПМНЕ? Кои се намерите и плановите на новите реформатори кои се охрабрија да проговорат? Со што се соочуваат? Има ли вистина во тоа дека се потпишувале бланко меници за лојалност? Колкава поддршка имаат? Дали препознале слични иницијативи и дали соработуваат со нив?

Тоа се само дел од прашањата кои тимот на ЦИВИЛ Медиа ќе ги постави на отворената трибина „Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ: Без табу теми!“, утре, понеделник, 17 јули 2017, во Клубот на новинари, со почеток во 11 часот.

Трибината е отворена за целата јавност. Медиуми, граѓански организации, заинтересирани граѓанки и граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ и на други партии се добредојдени да разговараат, прашуваат и споделат искуства и ставови на утрешната трибина. Дискусијата ќе биде модерирана, а секој од присутните ќе има по една минута за прашање или коментар, откако нашите соговорници ќе имаат воведни излагања и ќе одговорат на иницијалните прашања. Трибината ќе трае час и половина. На трибината не се дозволени провокации и говор на омраза. Сите добронамерни и заинтересирани се добредојдени.

И со овој настан, ЦИВИЛ се обидува да даде придонес кон развојот на политичката култура и обновувањето на дијалогот во општеството и ја поздравува храбрата одлука на реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ да проговорат.

Tags: ВМРО-ДПМНЕКлуб на новинаритереформитабуЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ