• Latest

Министерот за смрт…

May 30, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Министерот за смрт…

May 30, 2017 16:15
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Научил ли нешто министерот за смрт нешто доблесно во животот или барем на часовите по карате? Од сè што видовме и искусивме од него во изминатите години, одговорот е не. Во партијата што ја киднапираа неговиот шеф и неговиот братучед, сигурно е дека морал да научи само како да биде вреден, лојален и посветен на криминалното практикување на моќта.

Пишува: Џабир Дерала

Тодоров сигурно го заслужи прекарот министер за смрт. Тој ги погреба и образованието и здравството. Во првиот, тој го уби знаењето и вредностите, а во вториот, здравјето. Тој вредно работеше и на уништување на достоинството на наставниот кадар и лекарите.

На Фесјбук ја истраска својата оставка од позицијата на пратеник во парламентот, без ни малку почит кон институцијата. Ќе се посветел на адвокатура и на партиските задачи. Нам не ни е важно дали на овој пост на Фејсбук му претходел телефонски повик или некој зафат кој го надминува знаењето соодветно на црниот појас кој го носи.

Оваа индивидуа има многу повеќе на својата агенда во наредните години – одговорност за деструкцијата што директно ја предизвика, каде и да се појави. Одговорност за Тамара и за стотиците новороденчиња кои умреа, за сите деца кои не добија шанса да се оперираат во странство, за стрмоглавиот пад на образованието, за сите лекари и наставници чии работнички права беа ставени под неговиот ѓон, за сите солзи на родителите…

Од овој човек можеме да прифатиме само едно – да сведочи, во детали и вистинито, за своите мрачни постапки и недела, но и за сите криминали на неговите газди. И за првпат да покаже доблест и да ја преземе одговорноста за сето тоа. Има ли капацитет за тоа?

Машинеријата што ја изгради Груевски создаде услови за раѓање монструми кои бесрамно лажеа, делеа и парчосуваа, безмилосно се пресметуваа со неистомислениците, корумпираа, понижуваа, секој ден крадеа како да нема утре, тепаа и убиваа… Длабоки се корените на злото кое го посеаја овие зулумќари. Без оглед на тоа колку може да изгледа како победа повлекувањето на министерот за смрт, оставките, истрагите и процесите кои се водат против нив – тие се длабоко вгнездени и работат против слободата и правдата. Злоделата не смеат да бидат оставени на заборавот.

Tags: #ТамараздравствоминистеродговорностТодоров
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ