• Latest

Текстовите на ЦИВИЛ Медиа за градинката во Чаир ја разбрануваа јавноста!

July 25, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Текстовите на ЦИВИЛ Медиа за градинката во Чаир ја разбрануваа јавноста!

July 25, 2017 13:28
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По серијата текстови на ЦИВИЛ Медиа за градинката „Пчела“ во Чаир во која се вршела злоупотреба на деца со религиозни содржини, објавени на порталите на ЦИВИЛ – Центар за слобода на македонски и на албански јазик, a кои произлегоа од темата на граѓански новинар за нерегистрираната градинка „Пчела“, не стивнуваат реакциите на медиумите кои се заинтересираа за темата, на институциите, но и во пошироката јавност.

Објектот во кој е сместена „градинката“ е во сопственост на организацијата „Мустафа Паша“ која е регистрирана како Фондација за образование, култура и хуманитарна помош. Фондацијата е регистрирана во 2012 година и има 11 сопственици.

Министерството за труд и социјална политика презеде активност за проверка на градинката, дали е регистрирана, кој стои зад неа, кое е службеното дејствие и врз која основа ги крши уставните одредби на секуларна држава како Македонија. Оттаму открија дека во приватна куќа, пренаменета во градинка, се одржува верска настава на деца од 6 до 11 години.

„И децата и наставничките потврдија дека тука се одржува настава со верски обреди (молитви, поклоненија и учење на верски книги) од 11-16 часот секој работен ден. По барање на инспекторот од Државниот инспекторат за труд, за увид во документацијата за работа на објектот, било кажано дека целокупната документација ја поседува сопственикот на хуманитарното здружение  ‘Мустафа Паша’, кој е турски државјанин. Исто така, од кажување на присутната наставничка, оваа хуманитарна организација имала повеќе објекти со ист воспитно-образовен карактер, но истата не знаела каде се наоѓаат“, соопшти Министерството.

Од Министерството информираат дека во интерес на безбедноста на децата кои спротивно на законот, се згрижуваат во т.н. хуманитарна организација, ќе побараат од МВР и од Министерството за образование и наука, во рамките на своите ингеренции, да ја испитаат оправданоста, карактерот, целите и намерите на хуманитарната организација.

По барањето од Министерството за труд и социјална политика, Државниот просветен инспекторат вчера излезе на терен да ги испита состојбите. И од Министерството за образование соопштија дека инспекторите се на терен и повеќе информации најавуваат за наредните денови. Министерството за труд и социјална политика пак, продолжува со вонредни инспекции на објектот. Овие два дена градинката е празна.
Постоењето на градинката „Пчела“ беше осудено и од поглаварот на Исламската верска заедница кој најави дека институционално ќе се спротивстави на настава која е спротивна на законите и Уставот.

„Без наша согласност тоа не може да го направи никој и не смее да помисли за такво нешто. Ние нема да дозволиме некој несвесно да ни ги зарази (децата – н.з.). Колку е тоа информирање и едукација, толку може да биде и труење! Јас ви гарантирам и им велам дека со сите тела на ИВЗ едногласно се спротивставуваме“, изјави Сулејман Реџепи, претседател на ИВЗ.

 

Претставници на Народниот правобранител, исто така, излегоа на терен со цел утврдување на конкретните случувања во и со градинката за деца „Пчела“. Од оваа институција, бараат одговорност за лицата кои го дозволиле работењето на градинката.

Одговорност побараа и двете најголеми политички партии во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Од МВР велат дека вчера го добиле известувањето и тоа е предадено на надлежните организациски единици.

Освен осудите, со делумно поинаков став по прашањето, излезе Детската амбасада „Меѓаши“ во чие соопштение се вели дека „децата кои го посетуваат центарот се деца на родители кои практикуваат ислам. Родителите самоволно и по свое лично убедување ги праќале децата во тој центар и имале сознание дека тука, освен друго, се учат и основните верски одредби. Всушност, тоа било и причината поради која тие ги запишале децата во таа ‘градинка’”.

Истовремено, и од Меѓаши сепак, додаваат дека детските градинки се јавни установи и сите кои работат во градинките мора да се придржуваат на позитивните прописи на Република Македонија со кои се гарантира заштитата на детските права и најдобриот интерес на детето и неговиот развој во духот на прифаќање, споделување, примање, како и други вредности во духот на мултиконфесионализам.

Според Уставот, Македонија е секуларна држава, а верската настава не е дозволенa во предучилишни паралелки и во основните училишта.

Маја Ивановска

Tags: „Пчела“верска индоктринацијаградинказлоупотребаИВЗМВРМеѓашимоМТСП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ