• Latest

Стратегија, полемика, интерпелација, спинување…

August 9, 2017

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стратегија, полемика, интерпелација, спинување…

August 9, 2017 14:44
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Собранието поднесоа интерпелација за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, поради Предлог нацртот на стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и Предлог-нацртот Национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. Иако во предвидениот рок стигнале само ставови од неколку организации, кои ќе бидат разгледувани на јавна работилница следната недела, во меѓувреме, се вжештија полемиките на социјалните мрежи.

Особено е остра дебатата меѓу критичарите кои сметаат дека новата Влада „ќе ја наполни Македонија со азиланти“ и застапниците на идејата дека Македонија треба да даде поддршка за прифат и трансфер на бегалците, но и за интегрирање на дел од нив, на кои, доколку сакаат и ги исполнуваат условите за добивање на државјанство на Република Македонија, тоа треба и да им се овозможи.

МТСП ги демантираше обвинувањата на опозицијата, со соопштение во кое се тврди дека е „лажна веста оти државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе останувале во Македонија“, а според СДСМ, поднесената интерпелација е апсурдна, Владеачката партија, потенцира дека стратегијата нема обврзувачки карактер и дека Македонија е транзитна земја за бегалците кои нема да остануваат во земјата и нема да има потреба да им се даваат државјанства.

Активистката Ленче Здравкин, чија грижа за бегалците беше медиумска тема ширум светот за ЦИВИЛ Медиа изјави: „Во однос на ова што се случува последните денови околу Стратегијата на МТСП и наводното носење на бегалци во нашата држава, можам слободно да кажам дека низ Македонија поминаа повеќе од милион бегалци, и бидејќи сум вклучена во бегалската криза од самиот почеток, секојдневно се среќавав  и комуницирав со нив, знам дека ниту еден од нив не изрази желба дека сака да остане во нашата земја! Значи, Македонија им беше и сè уште им е една транзитна земја на патот до Европа, до помирен и подостоинствен живот. И сите се со една надеж, дека кога еден ден ќе се средат работите во нивните земји, тие повторно ќе се вратат дома и ќе ги изградат своите домови… Моментално, состојбата со бегалците во Македонија е релативно стабилна, имаме илегални преминувања од јужната граница, бегалци кои се упатуваат кон север, меѓутоа има и малку зголемен број на бегалци коишто се враќаат од север, односно од Србија, бидејќи не можат да ги издржат условите што се таму, решаваат да се вратат во Грција, надевјќи се дека ќе поминат многу подобро“.

Активистот Јасмин Реџепи од невладината организација „Легис“ која работи на терен со бегалците, во двата прифатни центра, на македонско-грчката и на македонско-српската граница, за Радио Слободна Европа изјави дека Стратегијата е работена со УНХЦР, и дека сите засегнати субјекти имале рок до вчера (8 август) да придонесат со предлози и забелешки: „… Сметаме дека Стратегијата е добра и не претставува никаква опасност ниту за државата ниту за граѓаните. Воопшто не е тоа за што обвинува сегашната опозиција“. Според Реџепи, Стратегијата не предвидува во Македонија да останат десетина илјади бегалци: „Во изминатите десет години, особено од 2015 до 2017 година, немаме забележано бегалци коишто сакаат да останат во Република Македонија, освен неколку кои од различни причини побараа право на заштита. Ние не сме таргет-земја на бегалците и мигрантите! Кога Европа во 2016 година ја затвори Балканската рута, во Македонија останаа 1.500 бегалци кои беа ‘заглавени’ и без можност да отидат понатаму. Сепак, тие најдоа начин да влезат во Србија и продолжија понатаму, а другите се вратија во Грција. Никој од нив, освен тројца, не остнаа во државава!“, дециден е Реџепи, кој упати повик до сите политички партии да не го користат бегалското прашање во нивните дневно-политички препукувања, бидејќи, според него, во Македонија „досега имало фер политика во однос на тоа прашање“.

 

Но, пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, во улога на претседател на собраниската Комисија за труд и социјална политика, потенцираше дека „граѓаните на Македонија треба да бидат приоритет, а не странците“ и ја обвини министерката Царовска дека граѓаните не се запознаени и не се консултирани за Стратегијата, како и дека локалните власти во општините се ставени пред свршен чин. На комисиската расправа реагираа и градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, со тврдење дека и 500 или 1.000 мигранти, кои би се задржале во неговата општина, само би ги зголемиле проблемите на жителите, како и градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, според кого, секое „населување на бегалци и мигранти ќе значи силно демографско поместување во општината“. Досега, против идејата за изградба  на сместувачки капацитети за мигранти, неофицијално и официјално реагираа локалните власти во уште четири општини.

По ваквите обвиненија денеска МТСП повторно излезе со соопштение во кое ја демантира ВМРО-ДПМНЕ: „Во врска со небулозните наводи изнесени на прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ по повод поднесената интерпелација на министерката за труд и социјална политика, како и лагите дека ќе се градат станови за бегалци, со јавноста ги споделуваме следните факти: Поранешниот министер од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Спиро Ристовски на 5 јули 2012 се обратил до општина Сарај со барање за согласност за користење градежна парцела за изградба на станови за сместување бегалци и социјално загрозени лица, овозможено со средства од ИПА Фондот… Имено,  според извадокот од записникот од 224-тата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 29 март 2011 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја разгледала Информацијата за имплеметација на стратегијата за интеграција на бегалци и странци и усвоила заклучок според кој се задолжува Министерството за транспорт и врски да предложи локации на државно земјиште кое може да се искористи за изградба на станбени единици. На седницата одржана на 25 мај 2011 година, била разгледана информација за конкретни предлог локации за изградба на станови“.

МТСП потенцира дека „неодговорното ширење страв и лаги во јавноста е само одраз на  дволична политика на ВМРО-ДПМНЕ, и дека обвинувањата до сегашното раководство на МТСП се крајно неосновани… Децидно изјавуваме дека од ниту една општина не е побарана предлог-локација за изградба на станови. Но, такво нешто побарала претходната власт, предводена од ВМРО ДПМНЕ“.

Tags: Акционен планбегалциВлатко ЃорчевВМРО-ДПМНЕДојранЈасмин РеџепиЛенче ЗдравкинНеготиноприфатни центристратегија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ