• Latest

Протест против сиромаштијата или спин на поранешната власт?

August 17, 2017

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Протест против сиромаштијата или спин на поранешната власт?

August 17, 2017 12:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата која се претставува како Граѓанско движење против осиромашување и вчера повторно блокираше две крстосници во центарот на Скопје, за да „потсети дека постои…“

Претставниците на иницијативата против сиромаштија го читаат соопштението пред влада, 16 август 2017

Екипата на ЦИВИЛ Медиа најпрвин се обиде да земе изјава од неколку лица кои ја блокираа раскрсницата кај ТЦ „Палома Бјанка“. Кога ги прашавме присутните дали се дел од организаторите на протестот, тие ни одговорија дека се жители од соседните згради и дека само следат што се случува. Но, кога еден од нив, забележа како камерата на ЦИВИЛ Медиа ги снима автомобилите, се доближи до нашата екипа, со намера да ни објасни дека, според него, не било законски да се снимаат автомобилите кои служеа како блокада и нивните регистарски таблички.

На повторното прашање дали е дел од протестот, граѓанинот кусо ни одговори дека е дел од него, но не знаеше да каже ниту кој го организира, ниту за што се протестира.

„Тука сме да потсетиме дека постоиме!“, кусо рече нашиот соговорник. Кога го прашавме дали протестот е поврзан со оној, кој истовремено се случуваше пред Владата на Република Македонија, исто како и минатата недела, тој ни одговори дека не знае, бидејќи „минатата недела бил на одмор“.

Десетина автомобили на крстосницата кај ТЦ „Палома Бјанка“ и дваесетина автомобили пред зградата на Владата, го блокираа сообраќајот во центарот на Скопје, со цел, како што подоцна дознавме од изјавата на организаторите пред Владата, да се искаже незадоволството на граѓаните од „влошувањето на веќе кревката економска ситуација во државата“, веројатно, во однос на до скоро фреквентната реклама на поранешната власт за „најбрзорастечката економија во светот“. На прес-конференцијата пред Владата, еден од активистите од иницијативата, Жарко Здравковски, прочита изјава за наводното незадоволството на граѓаните од осиромашувањето, но остана нејасно дали се работи за вистински протест или за уште еден обид за спин на поранешната власт која не може да се навикне на улогата на опозиција што ѝ ја доделија граѓаните и на сите начини се обидува да ја дефокусира јавноста од опструкциите во Собранието и од фактот дека врвното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е предмете на особен интерес на СЈО.

Иако Македонија веќе навикна на контра-демонстранти, контра-НВО, контра-пленуми, контра-штрајкови…, интересна беше сликата на крстосниците на кои меѓу автомобилите кои ги блокираа, немаше ниту едно „фиќо“ или „стокец“, на пример, туку сосема пристојни возила, кои ни малку не асоцираат на осиромашување, против кое се бори оваа иницијатива.

Маја Ивановска

Камера: Маја Ивановска / Биљана Јордановска

Монтажа: Даниела Нисева

Tags: (не)задоволствоблокадиГраѓанско движење против осиромашувањеЗдравковскикрстоснициПротести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ