• Latest

Анѓушев: 1% од бруто домашниот производ е наменет за регионален развој

September 6, 2017

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Анѓушев: 1% од бруто домашниот производ е наменет за регионален развој

September 6, 2017 16:09
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Во рамките на стратегијата за регионален развој, ние имаме пред се проблем како да успееме да детерминираме во државата каде и колку пари да се завршуваат од буџетот на Македонија во пооделните подрачја и како тоа да биде контролирано и рамномерно распределено. Ние имаме одлука дека 1 % од бруто домашниот производ треба да биде наменет за регионален развој“, изјави Кочо Анѓушев,  Претседавач на националниот Совет за рамномерен регионален развој при Владата на Република Македонија, на денешната конференција „Политиките за рамномерен регионален развој“.

Анѓушев нагласи дека е предизвик да се направат добри проекти што ќе осигураат парите да завршат онаму каде што се потребни, а со тоа ќе се направи обид да се намали и корупцијата. Анѓушев, како што вети во своето обраќање, остана до крај на првата сесија.

Конференцијата е завршен настан на проектот „Алијанса за регионален развој“, инициран и спроведуван од Форум – Центар за стратешки истражувања и развој, Скопје и Младински иницијативи за дијалог и соработка, Битола, а поддржан од Европската Унија.

Во рамки на конференцијата беа презентирани истражувањата и анализите спроведени во рамки на проектот и споделени заклучоците поврзани со политиките за рамномерен регионален развој кои се спроведени во последните десет години како и препораките за воспоставување поефикасни механизми за развој на планските региони и намалување на диспаритетите помеѓу регионите.

Во првата сесија воведничари беа и Никола Беротлини, Раководител на Сектор за соработка, Делегација на Европската Унија,  Сухејл Фазлиу, Министер за локална самоуправа на РМ и Емил Василев, Координатор на проекти, Центар за развој на Источен плански регион, Мима Станоевска, Раководителка на одделение за имплементација на прокети и меѓународна соработка, Центар за развој на Југоисточен Плански регион и Дончо Герасимовски, Секретар на Општина Центар, поранешен директор на Завод за статистика на РМ.

Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Даниела Нисева

Print Friendly, PDF & Email
Tags: конференцијаКочо Анѓушеврегионален развој
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ