• Latest

Упатство за гласање

October 8, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Упатство за гласање

October 8, 2017 19:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија денеска објави Упатство за гласање, наменето за едукација на граѓанките и граѓаните со право на глас. Упатството е на седум јазици и може да се отвори на веб-страницата на ДИК. 

Упатството го пренесуваме во целост.

Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Македонија. Избирачкиот одбор на избирачот му го објаснува начинот на гласањето и му се овозможува да гласа.

За Локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври 2017 година, избирачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право.

За Локалните избори, избирачот добива две гласачки ливчиња (за избор на членови на Совет и за избор на градоначалник).

За Локалните избори во Град Скопје и општините во градот Скопје, избирачот добива четири гласачки ливчиња (за избор на членови на Совет на општина, за избор на градоначалник на општина, за избор на членови на Совет на Град Скопје и за избор на градоначалник на Град Скопје).

За гласањето за локални избори, избирачот се потпишува во изводот од Избирачкиот список наменет за локалните избори.

Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа, му се дава на избирачот.

Гласањето се врши тајно, зад параван.

Избирачот гласањето за избор на градоначалник на општина и Град Скопје го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред името и презимето на кандидатот, а за членови на Совет на општина и Град Скопје го заокружува редниот број пред подносителот на листата за која се определил.

Преклопеното гласачко ливче избирачот го става во соодветно обележаната кутија за гласање.

Гласање за друго лице е забрането, освен во случаите предвидени во членот 112 од Изборниот законик и тоа:

Избирачот кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со овој Законик, со себе има право да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето. Ако избирачот не доведе со себе лице кое ќе му помогне при гласањето, тогаш Избирачкиот одбор ќе определи друго лице од редот на избирачите. Лицето кое ќе му помага на друго лице при гласањето не смее да биде од редот на членовите на Избирачкиот одбор, претставниците на подносителите на листите или од редот на набљудувачите. Лицето не смее да влијае врз одлуката на избирачот, а при гласањето може да помогне најмногу на двајца избирачи кои се со физички недостаток или се неписмени. Овој начин на гласање се забележува во записникот број 16.

Заради обезбедување на тајноста на гласањето, на денот на гласањето, на гласачките места овластените претставници на подносителите на листите, овластените набљудувачи, членовите на изборните органи и избирачите не смеат да користат мобилни апарати, фотоапарати и други средства за снимање на изборниот материјал и на избирачите кога гласаат.

Tags: гласањеизборен законикизбориправо на гласупатство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ