• Latest

Кој и како може да поднесе приговор до ДИК?

October 17, 2017

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кој и како може да поднесе приговор до ДИК?

October 17, 2017 16:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на денот, ЦИВИЛ прими повеќе повици со прашање кој и како може да поднесе приговор до ДИК. Тоа прашање го одговара Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори на ДИК, во член 4 и 5 кои ги објавуваме овде

Рокот за поднесување приговори до ДИК е продолжен до 2 часот по полноќ, како што извести ЦИВИЛ Медиа. Иако процедурата не е ни оддалеку едноставна и претпоставува пријавувачите сами да ја завршат целата работа, ЦИВИЛ – Центар за слобода упати повик до граѓанките и граѓаните да го искористат своето право на приговор до ДИК и да пријават нерегуларности до организацијата.

Приговор до ДИК може да поднесе: 1) Учесник во изборна кампања кој смета дека не се почитувани до крај одредбите за активностите и времетраењето на изборната кампања за пропишани во члена 69 од Изборниот законик; 2) Секој подносител на листа на кандидати доколку смета дека е направена повреда во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите; 3) Секој избирач кој смета дека му е повредено личното избирачко право: а) Во постапката на спроведување на гласањето и/или б) Во целиот изборен процес.

(1) Приговорите се поднесуваат во писмена форма и мора да содржат: 1) податоци за подносителот на приговорот; 2) релевантни факти кои вклучуваат: место (општина, населено место, изборна единица, гласачко место каде што се случила повредата; време кога е сторена повредата; детален опис на настанот; кој е наводниот сторител; аргументите во прилог на приговорот; докази кои ги поддржуваат наводите на подносителот на приговори; видот на повредата на Изборниот законик, односно активно или пасивно избирачко право; 3) Барањето кое е упатено до ДИК; 4) Дали е евидентирана забелешката во записниците за предавање а изборниот материјал, за гласачкото место, за гласање, сумирање и утврдување на резултати или е предадена до ОИК, а доколку не е навремено поднесена забелешка кои се причините за тоа(важи само за повластени претставници на носители на листи; 5) електронско сандаче и телефонски број; 6) Име, презиме на подносителот на приговорот.

(2) Приговор може да се поднесе и на посебни обрасци од ДИК што можат да се најдат на страната на ДИК www.sec.mk. Со приговорот, подносителот треба да ги достави доказите во поткрепа на своите наоди и доказите во поткрепа на своите наоди. Во поткрепа на наводите за повреда во определена фаза  на изборниот процес, подносителот на приговорот ги приложува соодветните докази во оригинали или фотокопии заверени кај нотар. Подносителот треба да приложи и листа на приложени материјални докази. Кои факти ќе ги земе како докази одлучува ДИК по свое уверување врз основа на свесна и грижлива оцена на  секој доказ посебно и на сите докази заедно како и врз основа на резултатот на целокупната постапка.

Tags: ДИКизборинерегуларностиприговор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ