Со оглед дека општинските изборни комисии ги објавуваат првичните резултати од изборите во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори, рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува ноќва во 2 часот по полноќ.
Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до Државната изборна комисија за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.
Приговорите за постапката за гласање можат да се поднесуваат најдоцна до денеска до 19 часот.