• Latest

СДСМ ќе понуди заедничка листа на наредните парламентарни избори?!

October 25, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ ќе понуди заедничка листа на наредните парламентарни избори?!

October 25, 2017 15:42
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Локалните избори во Република Македонија сѐ уште не завршија, a нашите политичари веќе почна да дискутираат за наредните парламентарни избори.

На телевизиската дебата во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21-М , вчера вечерта гостуваа Мухамед Зеќири од СДСМ, Артан Груби од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијансата за Албанците и Скендер Реџепи од Беса.

Во текот на дебатата учесниците се претставија и во улога на адвокати кои јавно ги бранеа коалициските  партии, односно СДСМ и ДУИ од една, и Алијансата за Албанците и Беса, од друга страна. Иако актуелните партнери, до пред една година, меѓусебно се обвинуваа за криминални дејствија, за злоупотреба на позиции, за тајни врски со различни служби…

Ремзи Мехмеди од Алијансата за Албанците праша: „Дали  коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ, која е постигната сега, ќе продолжи и на наредните парламентарни избори, со заеднички листи“?

На ова прашање, Мухамед Зеќири од СДСМ одговори  дека можеби и Алијансата ќе биде поканета да учествува во таа широка коалиција, и дека таа коалиција ќе биде транспарентна и отворена за сите политички партии на коишто им е цел – прогресот на Македонија.

„Ние сме транспарентни и отворени за сите субјекти кои ќе се најдат во таква коалиција и зошто не,  да нè  обединат и заедничките нешта, за изборите по четири години. Нашата понуда е отворена за сите политички субјекти кои имаат цел да ја унапредат оваа земја”, рече Зеќири.

Од сè што (ни) се случува на политичката сцена во Македонија, и оваа дебата само ја потврдува максимата дека во политиката, навистина, сè е можно.

Фари Хисени

Tags: „Алијанса за АлбанцитеАртан ГрубиБесаДУИМухамед ЗекириРемзи МехмедиСДСМСкендер Реџепи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ