Советничката група на коалицијата Алијансата за Албанците, Беса и ДНЕТ по напуштањето на вчерашната конститутивна седница на советот на општина Гостивар информираа дека оцениле оти е неразумно да бидат дел од, како што соопштуваат „манипулираната конститутиувна седница“.
Во соопштение до медиумите оценуваат како е формирано новото мнозинство кое му даде поддршка на Насир Муслиу и го избра за претседател на гостиварскиот совет.
„Ние советниците од коалицијата Алијанса за Албанците и движењето Беса, чувствуваме морална обврска да ве информираме дека до вчера имавме обезбедено мнозинство од над 16 советници за конституирање на Советот на Општина Гостивар. Од тие причини за денес инициравме одржување на конститутивна седница“, се наведува во соопштението.
На промената и состојбата, се додава, претходеле притисоци на претставници од извршната власт.
„Вчера во доцните часови, во Гостивар престојувал министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски. Тој злоупотребувајќи ја неговата функција, успеал преку закани и уцени да ги натера општинските советници од помалите партии да преминат на страната на губитниците на изборите“, стои во соопштението на советниците на Општина Гостивар, од редовите на Алијансата за Албанците и Движењето Беса.
Советот на Општина Гостивар, по речиси пет часа на конститутивната седница со 16 гласа „за“ го избраа Насир Муслиу од ДУИ за претседавач. На седницата не присуствуваа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Движењетп Беса, Алијанса за Албанците и ДНЕТ.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.