• Latest

Политичка криза во Германија по неуспехот за формирање влада

November 21, 2017

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Политичка криза во Германија по неуспехот за формирање влада

November 21, 2017 10:05
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската канцеларка Ангела Меркел се соочува со најголемата политичка криза во нејзината кариера по пропаѓањето на преговорита за формирање нова влада на земјата по септемвриските парламентарни избори.

„Њујорк Тајмс“ оценува дека неуспехот на Меркел да обебзеди парламентрано мнозинство за формирање стабилна влада предизвикува потрес во полиитчки и економски најмоќната држава во Европа.

Весникот оценува дека неуспехот на демохрстиијаните на Меркел, либералите и зелените за формирање влада, ги зголеми шансите за одржување предвремени избори во Германија, семо два месци по последното гласање за Бундестагот, по кое изгледаше дека актуелената канцеларка обезбеди сигурен четврти мандат на функцијата.

По пропаѓањето на преговорите Меркел изјави дека сè уште се надева дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство за формирање влада, додавајќи дека ако биде ставена пред изборот малцинска влада или предвремени избори, таа би се решила за ново гласање за членови на Бундестагот.

„Њујорк Тајмс“ наведува дека некои аналитичари веќе се обидуваат случувањата во Германија да ги толкуваат како резулатат на „пошироката криза на демократијата на Западот“.

Други, меѓутоа, сметаат дека проблемите во Германија во основа се знак дека земјата станува понормална, имајќи предвид дека од 1982 година на канцеларската функција се сменија само четири лица и долги години на чело на државата се центристички влади, кои функционираат по принципот на консензус, додава весникот.

Кризата, до која дојде само седум недели по парламентарните избори на кои во Парламнетот влезе и екстремната десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД), во извесна смисла ја вратија политиката во Германија, каде одамна немало дебати и политички несогласувања, заклучува „Њујорк Тајмс“.

Лондонски „Гардијан“ смета дека политичката криза во Германија е показател за намаленото влијание на Меркел на внатрешен план по 12 години мината на канцеларската функција.

Според весникот, падот на влијанието на Меркел се должи на бегалската криза од 2015 година, која предизвика несогласувања во владината коалиција.

Таа од изборите во сепрември излезе ослабена, освојувајќи 33 отсто од гласовите, иако нејзината партија беше победник на изборите, гласачите првпат им дадода доволна поддршка на шест партии за влез во Парламентот, оценува „Гардијан“, додавајќи дека некои конзервативни гласачи, пред сè на истокот од земјата, се определија наместо на демохристијаните својата поддршка да и ја дадат на десничарската АФД, која освои 13 отсто од гласовите.

Според „Гардијан“, евентуални нови парламентарни избори ќе создадат можност за отпочнување нова „пост-Меркел ера“, бидејќи не е сигурно дека таа ќе успее да ја задржи лидерската функција во партијата ако не формира влада.

Германскиот „Велт“ пак оценува дека „ерата на Меркел се ближи кон својот крај“.

Досега мотото на канцеларката беше „нема алтернатива“, со кое постигна забележителни успеси, пред сè на меѓународната сцена. Во исто време, таа предизвика деполитизација на политиката, особено на внатрешно-политички план, коментира германскиот весник.

Според „Велт“, неуспехот на Меркел да формира влада, сепак, има и добра страна, бидејќи може да донесе и нешто ново.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Ангела МеркелБундестагГерманијаЕвропска УнијаполитикаСвет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ