• Latest

109 години од создавањето на албанската азбука

November 22, 2017

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

109 години од создавањето на албанската азбука

November 22, 2017 10:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден, 1908 год, во Битола заврши Битолскиот Конгрес на кој се создаде албанската стандардизирана азбука. Конгресот бил свикан на 14 ноември и на него присуствувале 160 делегати од Албанија, и од албанските заедници во Романија, Египет, Америка, Грција, Турција, Италија итн. За претседател на Конгресот бил избран Ѓерѓ Фишта, католички свештеник, писател и еден од најголемите борци за правата и културниот развој на Албанците. Секретарка на Конгресот била избрана Парасќеви Ќириази, учителка во женското училиште во Корча, како и уште дванаесет други членови, меѓу кои Митхат Фрашери, Ндре Мједа, Григор Чилку и други. На Конгресот учевствувале Албанци од католичка, муслиманска, православна и протестантска вероисповест, со цел сите заеднички да создадат една единствена азбука.

На Конгресот е решено азбуката да се состои од 36 латински букви, којашто е во употреба до ден денес. За потребите на печатење на книги и весници со албанска азбука, во Битола тогаш се отворила и првата печатница, позната како Битолска Печатница, финансирана од група трговци – Албанци муслимани. Печатницата работела со една рачна електрична машина, со која се печателе буквари, училишни текстови и неделниот весник „Башкими и Комбит“ ( „Национално Единство“). Од печатницата денес нема никаква трага.

Зградата во која се одржал Битолскиот Конгрес, денес е Музеј на албанската азбука, и е ентериерно реконстуриран. Во него се поставени фотографии и повеќе од 230 документи  во дигитална и хартиена форма со кои се афирмираат преродбеничките, културолошките и напредните движења на албанскиот народ.

Музејот на албанската азбука во Битола во последните неколку години беше мета на вандалистички напади, од непознати сторители.

Денес се одбележува 109 годишнината од Битолскиот Конгрес за албанската азбука, со многу активности од државен карактер, посети на Музејот, и е неработен ден за Албанците во Македонија.

Tags: албанска азбукаБитолски КонгресгодишнинаЃерѓ ФиштаМузеј на албанската азбукаПарасќеви Ќириази
Share33TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ