• Latest

Македонци и Албанци живеат едни покрај други

November 24, 2017
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонци и Албанци живеат едни покрај други

November 24, 2017 11:10
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во поглед на двојазичноста, во Тетово во секојдневниот живот, луѓето во меѓусебната комуникација се трудат да ги надминуваат на најразлични начини. Факт е дека Македонците многу малку го разбираат, а уште помалку го говорат албанскиот јазик, додека пак Aлбанците, а особено младите генерации сè помалку се заинтересирани да го учат и да го користат македонскиот јазик. Овие појави придонесуваат кон оддалечување на едните од другите и затворање во своите етникуми, што секако не е добра тенденција.

Во однос на двојазичноста во институциите на системот, може да се забележи дека сите државни и локални институции се двојазично обележени, со забелешка, како да е правило прво да е напишано на албански а потоа на македонски јазик. Има и случаи каде одбележувањето е само на албански јазик.

Што се однесува до употреба на двојазичноста во односот граѓанин- институција законот воглавно се почитува. Но, во самите институции комуникацијата помеѓу вработените се одвива отежнато, особено таму кадешто преовладуваат вработени Aлбанци кои во меѓусебната комуникација со вработените користат албански јазик. Тоа предизвикува проблем кај Македонците и останатите коишто многу слабо го владеат албанскиот јазик.

Исто се случува и на Државниот Тетовски Универзитет, одредени професори комуницираат со студентите само на албански јазик и студентите Mакедонци често се случува поради тоа да имаат проблеми затоа што не го знаат албанскиот јазик.

Би го нотирал и проблемот со имињата на улиците, плоштадите, некои културни и образовни установи за кои постои одлука на Општината за промена на имињата, и тие така се обележани. Меѓутоа постапката не е спроведена до крај, односно до надлежните државни органи и поради тоа постои различно третирање на овие имиња во секојдневното живеење. Тоа доведува до административни пречки во зависност од тоа дали имате потреба од услуги на локалната самоуправа или од државен орган.

На крај, уште нешто што е несфатливо за мене, пред сè од комерцијален аспект, е тоа што на голем дел од производите на македонски компании, (иако голем дел од своите производи ги продаваат во мешани етнички средини), сè уште не се со декларации на албански јазик, што укажува на предрасудите со кои сè уште се соочува нашето општество.

Перо Наумовски

 

Tags: бариеридвојазичностинституцииТетово
Share58TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ