• Latest
Добро утро со Орданоски

„Боксерската вреќа“ Петре Шилегов

November 28, 2017

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Боксерската вреќа“ Петре Шилегов

November 28, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Г[/dropcap]о гледам Петре Шилегов во последниве недела-две во неколку јавни настапи: градоначалник е еден месец, а од него се очекува сите наталожени проблеми во главниот град Скопје веќе да се разрешени! И нема тука што да ни се правдаш дека си одвај неколку недели влезен во кабинетот и дека држиш состаноци и „правиш анализи“ (!) – решенија, решенија, решенија, ОДМА, СЕГА, ВЧЕРА и ВЕДАШ!

Некако, ми се чини, кон Шилегов како да постои посебно резервирано количество на нервоза, па и нетрпение во јавноста. За тоа можеби има неколку причини…

Од една страна, тој негува еден „адвокатски“ конфронтирачки политички стил, како да е во судница во расправа „член по член“ со тужбената страна, фајтерски, но и често со лабави шпекулации и по малку опуштени досетки, повремено кафеански жовијален, како Б.Ц. во помладите денови. Има во тоа и нешто од неговата политичка биографија: може да биде пратеник, претседател, градоначалник или генерален секретар на Обединети нации, нема проблем, само ако каже партијата. А и никогаш со одговор „не знам“, дури и кога тоа би му личело да го каже, за да избегне бла-бла-бла коментирања.

Се разбира, луѓето не сакаат сезнајковци. (Освен вакви како нас, „колумнисти“!)

Од друга страна, фер е да се каже дека граѓаните на главниот град – а, следствено, и „надлежните“ новинари – Шилегов го доживуваат како легитимна цел за сопствено дефрустрирање, заради со години натрупаните еколошки-градежни-сообраќајни-транспортни-неотчетни-естетски-културно-политички незадоволства од бригадирското владеење на палирот Коце и неговата ударничка урбано-мафијашка дружина. Сега Шилегов на многумина им доаѓа како некаква вреќа за боксирање и лименка за шутирање по удолнината на долгогодишната скопска стиропор-урбанизација.

И, потоа, се разбира: загадениот воздух во Скопје! Ние, скопјани, уживаме да ги малтретираме нашите градоначалници заради катастрофалниот квалитет на воздухот што го дишеме, ама продолжуваме да пушиме, да возиме дизели со датум на производство од минатиот век, да палиме гуми, отпадни масла и пластика за греење, да инсистираме со автомобил да дојдеме до скалите и вратата низ која треба да влеземе, па макар се паркирале и во ходникот на зградата, поминувајќи преку тревникот пред неа… А во зградата да коментираме дека „надвор не се дише“!

Затоа и мислам дека, за да „преживее“, на Шилегов му требаат радикални решенија во повеќе области од животот на градот – за малку ќе се впуштев во набројувања и објаснувања, во „солење памет“ како и што би можело да се направи, иако градоначалникот, сигурен сум, околу себе има доволно луѓе со тој вид на стручна и урбана имагинација. Некои од тие решенија се евтини и брзи, други бараат милионски инвестиции во повеќе идни години. Но, чинам дека граѓаните на Скопје се подготвени да прифатат и ризик по сопствениот комодитет и нови задолжувања, само за да видат дека нешто, навистина, се менува.

На што мислам? Па, на пример, не знам за изградба на метро или некаков друг шински превоз во ниту еден град во светот (а ги има многу како Скопје, кои немале ни задоволително решени канализациски мрежи!) што не го довел градскиот буџет до банкрот – таквите проекти, во принцип, не се ниту исплатливи, а уште помалку сообраќајно пријатни за генерацијата што ги гради! Но, банкротите и сообраќајниот хаос се забораваат за пет-десет години, а метроата (добро де, и исплатата на долговите) остануваат во наредните сто; но, историјата на тие градови се дели на пред и по остварувањето на таков некаков проект.

Впрочем, кога скопјани како овчички со години си се согласуваа на бесмислието од милијардата евра потрошена на „Скопје 2014“, верувам дека повеќето ќе се согласат следната милијарда да биде потрошена на иновативни проекти што на градот одамна му се потребни.

Затоа и треба да го охрабриме нашиот градоначалник: Ајде, Петре, пливај храбро, оти поројот и просечноста ќе нѐ удават, водата ни е дојдена до нос!

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: ГрадоначалникинвестициииновацииКоце ТрајановПетре ШилеговСКОПЈЕСкопје 2014стиропортрамвај
Share138TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ