• Latest

Собранието треба да ги разгледа барањата за одземање на имунитетот на шест пратеници

November 29, 2017

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието треба да ги разгледа барањата за одземање на имунитетот на шест пратеници

November 29, 2017 09:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања се очекува денеска да расправа за барањето на Кривичниот суд за одземање на имунитетот за шестмина пратеници, кои Обвинителството ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста на државата, а во врска со насилствата во Собранието на 27 април годинава.

Барањата од судот вчера се пристигнати во Собранието, но се чекаше претседателот на парламентот Талат Џафери да се врати од патувањето во Шведска. Според собранискиот Деловник, Џафери треба га проследи барањата до претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски, кој треба да закаже седница на која треба да се одлучува по нив. Богоевски вчера најави дека седница ќе закаже веднаш штом го добие известувањето од претседателот на парламентот.

Неколкумина пратеници се меѓу 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава, во Собранието на Република Македонија.

Полицијата по наредба на ОЈО вчера го приведе поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Освен него, беа приведени и пратениците кои ги отворија вратите на Собранието, како и дел од организаторите на протестите, Крсто Муковски, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, како и поранешниот директор на МОБ, Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Горан Ангелов – Ќосето…

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираше дека е отворена истражна постапка против 36 лица вмешани во крвавите настани при упадот во законодавниот дом.

„По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, ОЈО за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик“, наведе ОЈО.

Митко Чавков за време на настаните во април раководеше со Оперативниот штаб на МВР. Од пониските структури од МВР тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеници и новинари.

Најмалку десет години затвор предвидува член 313 од Кривичниот законик за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Судски извори посочуваат дека е потребно да заврши сослушувањето на сите 36 лица за да се соопштат натамошните мерки, но доколку сите 36 не бидат изведени пред судот, тогаш судските власти ќе одлучат како ќе постапат во однос на одредување на натамошните мерки.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оцени дека приведувањето на лицата за насилствата во Собранието на 27 април е политички прогон и побара нивно итно ослободување.

„Ова е последниот чин на пресметка со слободномислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањете на државата против ‘Тиранската платформа’, а против насилието на власта. Против секој кој мисли македонски и се грижи за  националните интереси. Во прашање е државата. Ова не е правда, веќе законите и Уставот не важат, ова е заробена држава“, рече Груевски.

На негов повик вчера попладне пред судот почна протест, на кој се собраа околу 150 лица, кои мирно протестираа, извикувајќи „Македонија, Македонија!“ и „Слобода, слобода!“ и бараат судот да ги ослободи приведените. Имаше помали инциденти со новинарски екипи.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во синоќешното обраќање до јавноста порача оти треба да има одговорност за немилите настани од 27 април, но како што кажа, одговорноста не смее да се генерализира, мора да се почитуваат човековите права и презумпцијата на невиност, и да се внимава на квалификациите на кривичните дела.

„Ја поддржував и сега ја поддржувам граѓанската иницијатива ‘За заедничка Македонија’ која повеќе од два и пол месеци, на мирен и достоинствен начин ја искажуваше грижата за националните интереси на Република Македонија. Граѓаните кои се сплотија и ја демонстрираа идејата за заедништво не се и не можат да бидат третирани како терористичка организација“, истакна Иванов.

Претседателот Иванов, ноќеска во неговиот кабинет одржа средба со премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тема на разговор, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле актуелните случувања и можните решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните.

„Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина“, стои во соопштението.

Во меѓувреме, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решенија со кои за О.П., О.Р., И.Д., М.П. и М.Ч. го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена,

За лицата Е.Б. и С.М., судијата не го прифати предлогот за определување мерка притвор, а како мерка за обезбедување присуство, им определи мерка куќен притвор.

За останатите лица, за кои се уште не е завршено сослушувањето, по донесено решение на судија на претходна постапка во однос на предлогот на Обвинителството, јавноста ќе биде информирана денеска преку соопштение.

МИА потсетува дека на 27 април годинава во македонскиот парламент имаше насилен упад од организирана толпа луѓе, кои се обидоа да се пресметаат со пратениците на новото парламентарно мнозинство. Полицијата цели два часа не реагираше на агресијата во која беа нападнати и повредени премиерот Зоран Заев, лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села и неколкумина пратеници на СДСМ. За влезот на толпата во парламентот беа посочени пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се дел од приведените.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: апсењаимунитетпратенициСобраниеТалат Џафери
Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ