• Latest

Жена ми беше во Собрание тој ден

November 29, 2017

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Жена ми беше во Собрание тој ден

November 29, 2017 13:59
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Жена ми беше во и околу Собрание тој ден.

Оваа реченица треба да ви е доволна за да разберете колку ми беше страв, колку бев уплашен и гневен, спремен на се’.

Пишува: Ермин Климента

Знам дека има многумина кои за жал се чувствуваа исто како мене, знам дека гледавме снимки на 30 различни портали и лајв стримови да видиме дали е се во ред.

Кога видов како ја влечат Шеќеринска за коса, првата помисла ми беше, да не тргне на полошо и втората, за мажот нејзин, за нејзините дома, да ја гледаат така беспомошно на телевизија, без разлика кој човек си, инстинктот за заштита е посилен од било што.

Не само овие злосторници кои се вчера уапсени, не само тарчуловски, не само богдан и не само чавков, многу уште треба да се уапсат и затворат.

Не можам да ви го објаснам чувството кога се се заврши, кога ми рече Арбана, дојди земи ме.
А татко ми ме погледна и ми кажа „Не застанувај за никого“

Пред собранието блокади, кружев преку Рамстор да дојдам до уличката која секако беше блокирана од полицијата, таму еден млад џандар ми рече со голем страв во гласот „НЕ СМЕЕШ ТУКА ДА БИДЕШ “ држејќи се за пиштолот.
„Во ред е, ќе продолжам“ реков и веднаш отидов подолу на паркингот ја оставив колата, тргнав пеш целиот напуван преправајќи се дека сум дел од демонстрантите а во срцето страв, да не ја препознаат на улица, заради нејзината телевизија, националност, да не и направат нешто.

Моите панични напади беа помножени со 999.999 и споени со гневот, во тој момент најлошите работи ми дојдоа на ум.

Ако и се случи нешто, Господ нека им е на помош на сите си реков во себе.

Ја видов, конечно, ја гушнав силно и и кажав да влезе во колата , за да бидам сигурен дека е безбедна, и купив јадење од Чаир, таа немаше ништо јадено од стравот за колегите, за себе, од демонстрантите кои извикувале „ШИПТАРИИИИ“ и тропале по вратите на телевизијата, стравот да не влезат и таму. Ова го знам од други места, таа ништо не ми кажа затоа што знаеше дека ќе одам таму.

Возејќи кон дома се чувствував како да сум во воена зона, насекаде страв и нетрпение, градот обвиткан со облаци од гнев, мојот роден град… Дали  моето Скопје стана воена зона?

Тоа ми беше во умот, зборовите на татко ми и среќата дека е до мене, безбедна.


ЦИВИЛ Медиа ја преобјавува оваа содржина по повод 27 април, една година откако пратениците на актуелната власт беа нападнати во Собранието на Република Македонија.

Tags: колумнаМИСЛАнасилствоСобраниеСТАВ
Share451TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ