• Latest

Озимец: Новите избраници се пренежни за критика

November 29, 2017
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Озимец: Новите избраници се пренежни за критика

November 29, 2017 15:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Кристина Озимец, новинарка и претседателка на Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА) за слободата на изразување и нејзината цена, медиумските слободи, како и улогата на активизмот.

Таа вели дека за разлика од претходната власт, сега има поголема слобода на изразување, меѓутоа новите избраници кои се на власт некако се нежни при критика.

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставува слободата, слободата на изразување и активизмот?

Oзимец: По негативното искуство со претходната власт, сега може да кажеш што сакаш, секако поткрепено со факти, и да не се грижиш дека ќе имаш последици за тоа. Ова го кажувам од претходното искуство од претходната власт, која беше навистина репресивна кон медиумите и новинарството.

Активизмот го има во сите полиња и сфери на живеење. Новинарите често беа и активисти, на пример, бевме активисти кога организиравме и учествуваме на протестите за слободни медиуми. Активизмот не мора да значи некој голем протест, може и да бидат самостојни акции коишто ќе го привлечат вниманието на јавноста и со тоа ќе го свртат погледот на медиумите и јавноста на одреден проблем.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин вие придонесувате за слободата на медиумите, медиумските слободи и активизмот?

Oзимец: Најмногу се трудам да го направам тоа преку сториите кои ги објавувам, преку професионално работење. Со тоа најмногу се обидувам да влијаам и на некој начин да покажам дека една млада новинарка може професионално да си ја извршува работата (не знам колку јас успешно ја извршувам, но се надевам дека ја извршувам како што треба).

Ние неколку млади новинари ја формиравме Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), и мислам дека сме едни од ретките млади новинари кои се решивме да придонесеме во медиумската сфера. Овој месец го организиравме истражувачкиот филмски фестивал во Скопје, и тоа се само дел од акциите со кои се обидуваме да придонесеме, секоја на свој начин, за подобрување на медиумската сфера, на јавното мислење, на целото општество и на демократијата.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се соочувате со притисоци од политичките или бизнис центрите на моќ, и на каков начин се справувате со нив?

Oзимец: Секако дека сме се соочиле со притисоци, претходно беше потензична и понапната атмосфера со претходната власт и гарнитура, тоа беше тотална ненормална атмосфера за функционирање на сите граѓани не само на новинарите, коишто беа на удар веќе со години и кои се навикнаа на таа постојана тензија и пресија.

Сега има некаков вид на ослободување, дури и со промена на нормална власт следи некое ослободување, а не пак во нашиот случај. И сега има, не би ги нарекла притисоци, би рекла реакции, и некако новиве избраници ми делуваат пренежни на критика. Иако се залагаат за критика, сега засега декларативно го кажуваат тоа, меѓутоа мислам дека е прерано да дадеме коментар бидејќи треба да помине малку време да видиме дали ќе останат доследни за транспарентност.

ЦИВИЛ Медиа: Која е вашата препорака за унапредување на слободата на изразување, медиумските слободи и човековите права?

Oзимец: Во овој момент е битно да има поддршка за сите млади кои што се обидуваат да работат независно, не само во медиумите туку во сите сфери… Кога велам да има соработка, мислам на соработка со институциите и сите други фактори во општеството, меѓутоа под соработка не значи да ги ставиме „под наше“, значи некој не мора да биде со нас. Тоа не е соработка. Значи не мора да мислиме сите исто и идентично, можеме да не се согласуваме за еден куп работи и пак да биде сè во ред, да нема конфликт. Едноставно може да не се согласиме и повторно да работиме нешто заедно за доброто на општеството во различни сфери. Треба да се препознаат тие луѓе и да им се даде поддршка на младите потенцијали во општеството.

Фари Хисени

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.


 

Tags: Кристина ОзимецПИНАпритисоцислободни медиуми
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ