Граѓан(к)ите на Скопје најавуваат протестен марш на социјалната мрежа Фејсбук, преку кој протест сакаат едногласно да кажат НЕ, за градење на рудници со отворен коп во Македонија.
Тие велат дека и покрај тоа што живеат во Скопје, негативните последници од рудниците ќе ги чувствуваме и ние, и дека рудниците се проблем на целата земја! Екстрактивизмот не е живот, тој го уништува животот!
Тие апелираат за солидаризирање со нашите сограѓани, да искажеме став против, и да побараме итно сопирање на изградбата на рудникот! Собирот ќе биде пред Влада на Република Македонија, каде што ќе одржи протестот и директно ќе се достави барање за мораториум на сограѓаните од Југоистокот!
Во нивниот повик за протест стои и пораката за сите коишто сакаат да бидат дел од протестот, да донесат транспаренти, пораки и за стопирање на рудниците на смртта!
Утрешниот протестен марш се организира од страна на Плоштад Слобода, со почеток во 12 часот пред Влада.
В. М.