• Latest

Јовановиќ: Активизмот е потреба за еден подобар и похуман свет

December 16, 2017

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јовановиќ: Активизмот е потреба за еден подобар и похуман свет

December 16, 2017 13:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ненад Јовановиќ, активист од Кавадарци, во интервју за ЦИВИЛ Медиа изјави дека активизмот придонесува за негување на слободата. Тој истакна дека и слободата на изразување и медиумската слобода се дел од активизмот што се живее 24 часа.

ЦИВИЛ: Што за вас претставува слобода на изразување, слободата на медиумите и активизмот?

Јовановиќ: Слободата на изразување е фундаментално човеково право за сите оние земји што претендираат да влезат во некоја цивилизациска рамка. Активизмот е една алатка која допринесува да се шири и негува слободата и тоа преку разни активистички влијанија и подобрување на јавната свест, преку работлници за оформување на некои идеи и разјаснување на проблематични точки кои ќе ги подобруваат и зајакнуваат самите граѓани.

Слободата на медиумите се вклопува во овој активистички живот. Приказната кај нас со медиумите е малку проблематична. Слободата на медиумите многу малку произведува она што се нарекува јавен интерес. Денеска секој може да објави се за секого без никакви реперкусии. Тоа не е слобода на говор. Некакви вредности мора да се запазат. Да речеме, кои се тие базични работи што произведуваат јавен интерес? Прво тоа се парите, буџетите, кој господари со тие буџети, дали граѓаните се вклучени, дали тие одлучуваат или некоја тесна структура на луѓе…

Сè е ова една база на држава што треба да влезе во 21 век, каде европските земји ги решија и регулираа работите оклку медиумите. Значи, клучно прашање е што е тоа што продуцира јавен интерес и каде се граѓаните во таа приказна.

ЦИВИЛ: На кој начин  ја поддржувате слободата на изразување, медиумската слобода и активизмот?

Јовановиќ: Имам можност да пишувам во најтиражниот дневен весник „Слободен печат“. Првин треба да имаш порив јасно да ги артикулираш или анимираш работите кои ти мислиш дека се проблематични. Активизмот е потреба, се живее, не е работа од 8 до 16 часот, туку се живее 24 часа. Јас не можам да ги одвојам тие две работи, половина ден сум активист, другата половина сум човек кој пишува во медиум, третата нешто сосема приватно. Јас активизмот сум го сфатил како нешто што се живее 24 часа и секојдневно сум во некои активистички и медиумски приказни. Едноставно имам потреба за јавност, бидејќи имам потреба да зборувам за некои работи што се од некое јавно значење.

ЦИВИЛ: Дали досега сте се соочувале со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со истите?

Јовановиќ: Сум почувствувал притисок, но и дека сето тоа е во рамките на работата што ја работам.Слободата не мора да биде само во метафизичка смисла, може да да се живее и во практична смисла. Се разбира кога ќе влезеш во јавниот простор дека ќе дојдат и закани. Но, ги чувстувуваш како дел од работата.  На некој свој начин се справувам, но не се одкажувам од сопствените мислења, од она како јас сум обликуван, од аспект на книгите што ги читам, световите што ме интересираат…

ЦИВИЛ: Како можеме да ја одбраниме слободата на изразување, слободата на медиумите и активизмот?

Јовановиќ: Јас се водам по онаа протестантска теза дека никој не е така доволно добар, кога би се потрудил уште малку. Тоа е клучно, а преку сопствениот пример, преку активност и желба можеме да создадеме еден подобар и похуман свет.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Фотографија: Горан Наумовски


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

 

Tags: @активизамКавадарциНенад Јовановиќслобода на изразувањеслобода на медиуми
Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ