• Latest
Добро утро со Орданоски

А да пробаме со јуриш на клиниките?

December 26, 2017
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

А да пробаме со јуриш на клиниките?

December 26, 2017 08:53
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски 

[dropcap]Д[/dropcap]а бидеме реални: македонскиот јавен здравствен систем се наоѓа на точка на која не може реформски да се оправи.

Проблемите се огромни, натрупувани со децении. Интересите се толку испреплеткани, што и физичките ликвидации на оние кои би им застанале на пат се чинат прифатливо и релативно евтино решение. Знаењето на домашните експерти за јавно здравство е парцијално, невлијателно, не делува убедително. Здравствениот менталитет – и на лекарскиот персонал и на болните – е со терминални онколошки наоди. Корупцијата од секаков вид (од спонзорства, преку непотизми и препишување бесмислено-опасни лекови, до кеш евра по џепови) е толку распространета, што е будалесто да се бориш против неа, туку можеби е подобро да се смисли официјален корупциски ценовник, за да се воведе барем некаков ред во таа дејност…

Сакам да кажам, џабе лутење или славење за изборот на г. Венко Филипче за нов министер за здравство. Тој, објективно, ништо не може суштински да смени – дури и кога би сакал – освен веројатно работите да ги влоши уште малку. За тоа секогаш има простор.

Затоа и мислам дека целиот пристап е погрешен. Тоа ви е како да очекувавте Јавното обвинителство на Марко Зврлевски да се зафатеше со решавање на криминалите на минатата власт. Не, туку под жесток домашен и странски притисок се формираше потполно нова институција, Специјално јавно обвинителство; зад неа застана сериозна домашна и критична странска експертска и политичка поддршка; на сила – да, да, на сила! – им се дадоа овластувања на Елиот Нес, односно се обезбедија со посебен Закон, со сериозни пари и со голема кадровска поткрепа, за со таква поставеност и поддршка, после две години да ги видиме првите резултати од нивната работа!

Можеби е дојдено време за сличен пристап и во здравството. Со аномалиите на тој систем да се бориме со институција вон системот. Таа да добие големи овластувања, да биде поткрепена со странска експертиза, да има некаква извршна моќ и да обезбеди политичка поддршка за големи и длабоки резови во здравството, како кога би ги киднапирале министерот и директорот на Фондот за здравство и, наместо откуп, да барате спроведување реформи… Со закана дека, ако нема реформи, ќе ги пуштите киднапираните на слобода.

Јас не верувам дека оваа Влада е подготвена за таков вид на големи проекти. Ако се суди според бројот на автомобили со струмички (и нешто бугарски) регистерски таблички по болничките паркинзи низ Скопје, побрзо ќе да е во тек инсталирање на уште едно здравствено-медицинско лоби во ресорот, а не расчистување со старите.

Собранието? Тоа да даде некаква реформска иницијатива? … Таму на истата седница кога се бираше министер за здравство, во трет обид, илегално избраа нов јавен обвинител (да, да, Тортевски е во право), па не сум сигурен дека владејачкото мнозинство може да конституира доволно интегритет за да наметне волја за радикални реформи и во здравството…

А можеби проблемот може да се решава со граѓанска окупација на клиниките. Со физичко освојување на секоја клиничка зграда, да се прогласи слободна здравствена територија, да се именува ново, колективно револуционерно клиничко раководство, кое самото ќе преговара со сите надворешни фактори битни за опстанокот на таа клиника. И за решавање на сите покрупни аномалии – како што е ред во револуционерните движења – да го користи задниот ѕид во дворот на клиниката, според принцип на постројување пред него како аптекарски шишиња, пред еден дежурен вод од болни кој би ја спроведувал огнената правда…

Којзнае, на човек понекогаш му се чини дека баш до таму сме дојдени во нашево здравство.

Затоа, велам, без претерани возбуди за новите кадровски решенија на оваа политичка гарнитура во здравството, сѐ ќе си оди по старо, како што сме навикнале и до сега. Што е сигурно – сигурно.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Венко Филипчевладаздравствоминистерреволуцијареформи
Share213TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ